Македонија

Видео за тие што не ја разбираат македонската енергија во Егејска Македонија

Видеото со песната која е трн во око на грчките тајни служби

Групата ,,Македонски непокор” објавува видео од кое сите тие кои што не знаат каква македонската енергија има во Егејска Македонија можат истата да ја разберат ако имаат барем малку изразено македонско чувство.

На видеото е легендарната Васка Илиева на народен собир на Македонците во селото Забрдени, Костурска област во Северна Грција.

Песната која што се пее е Не плачи мајко не жали која е на списокот на грчките тајни служби како песна што повикува на рецесија и сите луѓе што јавно ја пејат се уште сѐ сметаат да потенцијални сецесионисти.

И во тоа време во Грција се уште имаше силен притисок од државните институции и тајните служби против Македонците кои се идентификуваат како различни од Грците.

Голем дел од луѓето на ова видео подоцна се соочувале со различни видови притисоци но иако биле свесни со што ќе се соочат тие јавно искажале силно македонско чувство во друштво со Васка Илиева.

Село Забрдени (Кое Грција го преименувала во Лофи), Костурско е првото село каде што пред нешто повеќе од 30 години започна за прв пат повторно да се пее јавно на македонски
јазик.

https://www.facebook.com/watch/?v=2044510662751813

Зошто песната ,Не плачи мајко не жали” е на црната листа на грчките тајни служби може да видите во видеото

Најнови вести од: Македонија

Велешанка (61) касната од пајак „црна вдовица“, работејќи на поле во Еловец, Велешко – заврши на Токсикологија

Велешанката е хоспитализирана откако пред неколку дена била касната од пајак – „црна вдовица“ додека работела на поле во велешкото село Еловец. Побарала помош откако отровот почнал да делува, а по укажаната помош во Велешката болница префрлена е на понатамошен третман на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Објавени се резултатите од првото издание на регионалниот поетски конкурс „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“

Жири-комисијата ги додели наградите врз основа на поетската вредност, автентичноста на авторскиот глас, стилската зрелост и целосниот книжевен впечаток на творбите.

Вреди: Корумпираното раководство на ДУИ, алчно за власт, оди против Рамковниот договор и го блокира законот за правична застапеност!

„Албанците дочекаа Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да урива еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор, заради алчност за власт!“ – рече на денешната прес-конференција на Вреди портпаролот Дритон Сулејмани.

Стратешкиот притисок на Индија на Балканот и реалноста на глобалната дипломатија

Анализа на британска авторка која посетата на Мурму на Македонија ја поврзува со прагматската архитектура на меката моќ која се случува надвор од историската носталгија на Балканот

To top