Македонија

Албанците сакаат продолжување на промената, а не враќање на старото, велат неистомислениците на Таравари

Го слушнавме нашето членство. Се сретнавме со нашите активисти во секој град – од Липково до Струга. И пораката е јасна: Албанците сакаат продолжување на промената, а не враќање на старото. Ова беше истакнато на денешната прес-конференција на некогашните соработници на Арбен Тараври од Алијансата за Албанците, кои не се согласија со одлуката да ја […]

Го слушнавме нашето членство. Се сретнавме со нашите активисти во секој град – од Липково до Струга. И пораката е јасна: Албанците сакаат продолжување на промената, а не враќање на старото. Ова беше истакнато на денешната прес-конференција на некогашните соработници на Арбен Тараври од Алијансата за Албанците, кои не се согласија со одлуката да ја напушти Владата.

На прес-конференцијата зборуваше ексминистерот од Алијансата, Азир Алиу, а присутен беше и Арбен Фетаи, којшто Таравари вчера го разреши од партиските структури.

Тие не се согласуваат со поличкиот правец кој го зазема Таравари, најавувајќи соработка и со ДУИ за претстојните локални избори.

„Во овој турбулентен политички период, кога стариот режим ги прави последните обиди да ја затемни надежта за промени, ние избравме да не реагираме брзо. Слеговме на терен, ги слушавме нашите активисти, разговаравме со партнерите и размислувавме – со смиреност и одговорност“, рече Алиу.

Оваа група од веќе поделената Алијанса, смета дека земјата има потреба од стабилност, развој, одговорно владеење и од Алијанса која нема да ja предаде довербата добиена од граѓаните. Тврди дека се залага за одговорност, а не поради лични интереси и целта е да не ја напуштат битката на половина пат.

Велат дека Алијансата не е создадена да биде ничија алатка. Таа е создадена да биде глас на граѓаните, промените, и еднаквоста.

На пресот беше истакнато дека денешната влада е постабилна од кога било, посветена на реформите и решена за интеграција. Алијансата за Албанците, како што додадоа, има клучна улога во овој процес, и тие нема да се откажат од таа мисија.

„Во однос на половичните состаноци на ограноците што се нарекуваат „партиски конгреси“ и кои шират поделби и етикетирања – тие не го претставуваат духот, ниту пак статутот на Алијансата. Изразуваме разочарување за навредите упатени кон албанската младина и жената во име на Алијансата, но нашата одговорност е да не го изгубиме правецот дури и кога другите се деградираат“, беше истаканато.

Додаваат дека ќе продолжат како рамноправен партнер во коалицијата ВЛЕН, со иста професионалност и посветеност – служејќи им на граѓаните со чест и решителност.

Крилото на Арбен Таравари во Алијансата за Албанците, претходно го разреши Арбен Фетаи од функцијата претседател на партиското собрание. Таравари изјави дека се исклучени и некои членови на Претседателството кои јавно се изјаснуваат против Алијансата за Албанците. Се работи за 8 од 46 членови. За Мимоза Муса, Таравари рече дека не е донесена одлука оти не е јасно дефинирано дали останува со Алијансата за Албанците, или со Влен.

 

Најнови вести од: Македонија

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

Повторно проблеми кај пациентите – фалат ленти и глукомери за дијабетичарите

Д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана.

„Дупла корупција“: Директорот Васе Анакиев, уапсен на дело со 50 илјади евра, за „услугата“ барал двојно повеќе пари, кои ги давала шпедитерска фирма

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев (41) од Кочани, е лишен од слобода под сомнение за примање поткуп, информира Министерството за внатрешни работи. Како што соопшти МВР, акцијата е спроведена на 20 март 2026 година и против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за […]

Никој не е над законот, очекуваме расчистување на случајот со уапсениот директор, велат од земјоделство

Борбата против корупцијата е врвен приоритет и дека, како што велат, „никој не е над законот“. Во соопштението се прави и политичка дистинкција, при што се посочува дека, за разлика од претходните власти, актуелната Влада спроведува неселективна правда, без оглед на функцијата или политичката припадност.

To top