Македонија

Мицкоски: И покрај сите шпекулации струјата нема да поскапи

Од изборот на актуелната Влада досега немало покачување на цената на струјата и нагласи дека Владата останува посветена на заштита на животниот стандард на граѓаните.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека до крајот на годината нема да има нивелирање, односно зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата.

  • „Оние шпекулации дека до крајот на годината ќе има нивелирање на цената на електричната енергија – нема да има. Останува истата цена“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека од изборот на актуелната Влада досега немало покачување на цената на струјата и нагласи дека Владата останува посветена на заштита на животниот стандард на граѓаните. Мицкоски притоа упати критики кон поранешната влада на СДСМ и ДУИ, тврдејќи дека во нивниот мандат цената на електричната енергија била речиси двојно зголемена.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top