Македонија Спорт

Скандал: Реваншот од финалето на Европскиот куп не се одигра, АЕК одби да му излезе на мегдан на Алкалоид!

Неверојатна ситуација пред возвратниот натпревар меѓу Алкалоид и АЕК од финалето на Европскиот куп: гостинските ракометари беа во поттрибинскиот простор од арената „Борис Трајковски“ во Скопје, но не излегоа на терен, па натпреварот не се одигра! Причина се заканите од навивачите на АЕК до раководството на клубот од Атина да не го играат реваншот поради […]

Неверојатна ситуација пред возвратниот натпревар меѓу Алкалоид и АЕК од финалето на Европскиот куп: гостинските ракометари беа во поттрибинскиот простор од арената „Борис Трајковски“ во Скопје, но не излегоа на терен, па натпреварот не се одигра!

Причина се заканите од навивачите на АЕК до раководството на клубот од Атина да не го играат реваншот поради вратени два автобуса со нивни „колеги“ од патарината пред Скопје?!

Тие што дошле во главниот град на Македонија отишле 1,5 час пред мечот пред хотелот кадешто се сместени нивните миленици и им „наредиле“ да не му излезат на мегдан на освојувачот на Купот на Македонија, а тие, во знак на солидарност со вратените, исто така тргнале назад за Грција.

Делот од трибината наменет за 200 грчки навивачи остана празен, а полната сала и половина час од времето кога требаше да почне дуелот чекаше на своите места, за на крајот да ја дочека официјалната информација дека натпреварот нема да се одигра вечерва!

Алкалоид славеше со 29:25 на првата средба во Атина.

Најнови вести од: Македонија Спорт

Муцунски: Западен Балкан заедно во ЕУ – никој не смее да остане на маргините

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски синоќа се обрати на настанот „Здравица за добрите соседи: Еве колку се добри Западните Балканци…“ во Брисел, организиран под покровителство на еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Успеа ли да заташка Коцевски над 40 предмети на СДСМ и ДУИ за корупција ?

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше на оставката на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, оценувајќи ја како тактички потег за да се избегнат непријатни дискусии во Собранието и вистината за неговото работење.

Жерновски и „мали Фрчко“добија функции во СДСМ, во игра е вратена и Ана Чупевска – кои се старо-новите лица на партијата

Александар Димитријевиќ, Љупчо Фармаковски, Андреј Жерновски, Симона Цветановски, Рената Младеновска, Дејан Николовски, Јон Фрчкоски, Наташа Попоска и Петар Огњеновиќ се дел од новото партиско раководство на СДСМ, избрано на вечерашната седница на Централниот одбор.

Темата мигранти е измислена од СДС за дневна политика, затоа и побегнаа од Собрание кога требаше да се дискутира за Резолуцијата

Оваа резолуција го покажа вистинското и лицемерно лице на СДС и трајно ќе ја затвори, од нив измислената тема за наводни мигранти во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

To top