Спорт

Вардар поразен и од Висла во Лигата на шампионите

Залудна симултанка на Фадуил, кој погоди од сите 14 обиди во поразот од 32:26 во третото коло од групната фаза

Поразителен хет-трик на ракометарите на Вардар во враќањето во Лигата на шампионите, за што се погрижи Висла Плоцк со триумфот од 32:26 во арената „Јане Сандански“ во Скопје.

Од почетокот до крајот на средбата доминираа гостите од Полска, кои имаа и осум гола разлика (27:19), а најмногу што успеа македонскиот шампион е да се закани во финишот на првото полувреме, кога на одморот замина со негатива од 15:13.

Залудна симултанка на Матео Фадуил, кој погоди од сите 14 обиди кон противничкиот гол, од кој девет од седмерец, бидејќи двократниот европски првак на половина од натпреварите во групата е поблиску до продолжување на европската авантура во Европската лига, во која одат двете последни екипи.

По шест дена „црвено-црните“ ги очекува реваншот со Висла во Плоцк.

 

 

Најнови вести од: Спорт

To top