Македонија

Ахмети: Ако сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во 2001

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во својот говор во Чаир, се осврна на тврдењата на одредени политичари дека Албанците наводно сакаат да ја поделат Македонија.

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во својот говор во Чаир, се осврна на тврдењата на одредени политичари дека Албанците наводно сакаат да ја поделат Македонија. Тој категорично ги отфрли овие обвинувања, нагласувајќи дека таква намера никогаш не постоела.

Ние сакаме унитарна и рамноправна држава за сите, а не тиранин за едни,“ изјави Ахмети, според медиумите на албански јазик во земјата.

На партискиот настан во Чаир, Ахмети, заедно со кандидатите за градоначалници Бујар Османи и Скендер Реџепи – Зејд, го потпиша таканаречениот „Закон за Чаир“. Според него, овој чин го симболизира најголемото национално единство од 2001 година.

Сите се обединети, како и порано, за да го вратат достоинството, да ја вратат честа, да ги заштитат достигнувањата. Тогаш борбата беше да се добие еднаквост, денес е да се заштити. Заедно да се стави крај на дискриминацијата, понижувањето, лошото управување. Сенародното движење на отпор и надеж станува сè посилно и поинклузивно секој ден! Сите на нозе, подготвени за октомврискиот референдум,“ порача Ахмети од скопската општина.

Најнови вести од: Македонија

„Мали Фрчко“ со интересна теорија која е причината што СДСМ ги исклучи коментарите на социјалните профили (ВИДЕО)

Јон Фрчкоски, истакнат член на СДСМ, изјави дека партијата привремено ги исклучила можноста за коментари под објавите на своите официјални профили на социјалните мрежи.

Хрисохоидис: Добивме поплаки, но мора да се спроведе целосно системот за биометриска регистрација, ЕУ инсистира на тоа!

„Мора да ја спроведуваме европската легислатива, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена.“ – посочи министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис говорејќи за системот за биометриска регистрација на државјани на трети земји на граничните премини. Тој нагласи дека за ЕЕС системот „добил поплаки од неговите колеги од С.Македонија и Србија.“ – јави Македонската информативна агенција-МИА од Атина.

Касами од Вреди се сретна со лидерот на албанските демократи Бериша во Тирана, заради „подобрување на меѓуалбанската соработка во регионот“

Градоначалникот на Тетово и еден од лидерите на партијата Вреди Билал Касами, одржа средба во Тирана со поранешниот премиер на Албанија и лидер на Демократската партија Сали Бериша.

Зошто се „растрча“ Али Ахмети на средби со членови на Конгресот, веднаш откако САД објавија дека нема да интервенираат повеќе во Балканот?!

Делегација на ДУИ предводена од Али Ахмети во посетата на Конгресот, само неколку дена откако Стејт Департментот на САД соопшти дека САД ја менува својата доктрина за Балканот!

Најнови вести

To top