Македонија

Филипче бара целата јавност да дознае интимни моменти од животот на следените од АНБ

Дали лидерот на СДСМ сака цела јавност да ја дознае интимата на жртвите на безумното следење

Лидерот на СДСМ Венко Филипче со својот предлог за декласификација на документите од аферата следење политичари и новинари практично бара целата јавност да дознае интимни моменти од животот на следените од АНБ.

Доколку биде прифатено барањето на Филипче секој граѓанин ќе може да дознае интимни делови од следењето на повеќе луѓе кои биле следени, меѓу нив премиерот Мицкоски, вицепремиерот Николовски, новинари, обвинителка …

Со декласификација на следењето медиумите ќе дојдат до посед на интимите на жртвите со што некои луѓе ќе можат да уценуваат за да не објават детали за животот за следените, како што тоа се случи со аферата со која СДСМ во 2017 дојде на власт.

,,СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување.

 

За ова има јасна постапка по која АНБ може да ги обелодени сите информации и документи. Случајот треба да биде достапен на јавноста за да се суди дали и кој ја злоупотребил функцијата во службите за безбедност.

 

Доколку АНБ ова не го направи, ќе биде јасно дека ова ќе биде уште еден неуспешен обид за манипулација. Исто како што беа случаите за неколку дестабилизации, за следење со дронови, за обиди за поткуп од странски компании на премиерот и слични приказни за кои никогаш ништо не се дозна ништо повеќе.

 

ВМРО-ДПМНЕ си игра со безбедносниот апарат и го користи за дневна политика исто како што тоа го прави со сите други сериозни национални прашања.

 

Ова е одлика на инфантилни политичари и популистички партии, чиј единствен интерес е како да го оттргнат вниманието од проблемите со кои се соочуваат граѓаните”, вели Филипче кој смета дека никој не им верува на информациите на АНБ.

Филипче ја нарекува инфантилна актуелната влада се не кажува какви инфатилност е цела јавност да дознае за болестите, интимните размисли, домашните и други  лични проблеми што ќе излезат на површина ако документите бидат  декласифицирани и дадени на медиумите.

Или можеби Филипче го сака токму тоа.

Најнови вести од: Македонија

„Реплек“ одбележува 10 години производство на производи од медицински канабис – реализиран и првиот извоз во ЕУ

Во период кога довербата, стандардите и транспарентноста се клучни во развојот на современата фармацевтска индустрија, „Реплек“ одбележува уште еден значаен јубилеј. Компанијата заокружува 10 години од почетокот на сопственото производство и развој на производи на база на медицински канабис, со што уште во 2016 година стана пионер на домашниот пазар, но и еден од првите регионални играчи.

Ѓорѓиевски: Кацаров е привремено решение, следната недела ќе се избира директор на Универзална сала!

По огласот кој пропадна, Универзална сала доби вршител на должност директор. Миро Кацаров таа функција ќе ја врши само до следниот оглас, кога Универзална сала ќе добие свој директор. Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски за „Курир“ изјави: „Следната недела ќе се распише нов оглас. Повикувам јавно сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите да аплицираат. Јас не велам дека секогаш правиме совршени кадрови потези, сите досега се покажале дека се исправни во Град Скопје, затоа и состојбата е таква каква што е, но овде станува збор за културна институција, апсолутно ми е важно мислењето на граѓаните.“

To top