Регион

Маскирани напаѓачи брутално претепаа воени ветерани во Белград

Група од приближно десетина маскирани поединци извршиле брутален напад врз сопственик на угостителски објект и четворица гости – воени ветерани кои го поддржуваат студентскиот протест, како и врз присутните граѓани.

Група од приближно десетина маскирани поединци извршиле брутален напад врз сопственик на угостителски објект и четворица гости – воени ветерани кои го поддржуваат студентскиот протест, како и врз присутните граѓани.

Напаѓачите, опремени со бејзбол палки и пендреци, безмилосно ги тепале жртвите, при што еден од нив бил тешко повреден од удар со кундак од пиштол во главата.

Според информациите од порталот Nova, настанот се случил околу 19 часот во еден локал на Савски венец. Сите петмина повредени се транспортирани во Воено-медицинската академија (ВМА), каде што им се пружа медицинска помош.

Адвокатот Предраг Марковиќ, кој бил во контакт со повредените, изјавил дека најверојатно дел од жртвите имаат сериозни телесни повреди, како што се скршена вилица и рака.

„Сите се брутално претепани, видливи се хематоми и подуености на лицата. Некои едвај зборуваат. Околу еден час пред нападот, тие снимале припадници на единицата ‘Кобри’ и имале вербална расправија со нив, по што седнале во локалот. После час време, маскираните напаѓачи влегле и веднаш почнале да удираат,“ раскажува Марковиќ.

„Повредените тврдат дека биле нападнати веднаш од вратата, а првата жртва била удрена од зад грб – што укажува дека нападот бил испланиран. Удирале со пендреци, бејзбол палки, а еден добил удар со пиштол по главата. Најмалку двајца изгубиле свест од ударите. Насилството беше шокантно“, додава адвокатот.

Марковиќ веднаш се упатил кон Воено-медицинската академија, каде што повредените добиле прва помош и биле подложени на медицински прегледи.

„Сите ќе мора да направат скен на главата поради сомнеж за можно внатрешно крвавење. Повредите се сериозни. Полицијата го зема исказот и им наложи на повредените да дадат изјави следниот ден, но дали сите ќе бидат способни да зборуваат поради степенот на повредите е неизвесно. Станува збор за крвнички напад,“ заклучува адвокатот.

Најнови вести од: Регион

„Н.М.“: Европејците сè повеќе се сомневаат во иднината на ЕУ, немаат доверба во европскиот проект!

Анкета спроведена во шест европски држави и членки на ЕУ истакнува криза на довербата во европскиот блок и пад на таа доверба кај мнозинството од испитаниците. Дури 74 отсто од европските граѓани веруваат дека Европа се мачи, за да се справи со предизвиците со кои се соочува, при што нејзината бавност и бирократија честопати се сметаат виновни за таквата состојба. За 56 отсто од испитаните граѓани, иднината на ЕУ е „во опасност“. Ова се констатира во анализата со наслов „ Европејците сè повеќе се сомневаат во иднината на ЕУ“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Ново проширување на ЕУ со вградена „рачна сопирачка“: новите членки на ЕУ привремено без право на вето!

Новите членки на Европската Унија по приемот треба да се откажат од правото на вето на одлуките што во Унијата се носат со консензус, а постои и можност да им бидат ускратени финансиски средства доколку назадуваат во областа на владеењето на правото или ги загрозуваат интересите на Унијата, пишува берлинскиот портал „Table.media“, повикувајќи се на предлогот за реформа на процесот на проширување на ЕУ во кој имал увид.

Спектакуларно бегство на опасен затвореник во Грција: соучесниците, маскирани како полициски специјалци, ги разоружале чуварите

Во северна Грција е во тек голема полициска потрага по 41-годишен затвореник од албанско потекло, кој изведе спектакуларно бегство. Настанот се случи во петокот навечер (11 септември 2026 година) околу 23:30 часот, јавуваат грчките медиуми. Иако затвореникот издржувал казна во затворот Нигрита кај Серес,  бегството се случило во Општата болница во Серес.

To top