Регион

Нови критики од Софија: Радев за положбата на Бугарите во Македонија

Нови критики од Радев

Бугарскиот премиер Румен Радев упати нови критики кон македонските власти. Во Даблин тој изјави дека состојбата со правата на Бугарите во Македонија останува едно од прашањата што редовно ги покренува на меѓународно ниво.

„Ќе имам средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе. Тоа е многу важна средба, бидејќи ние треба да помагаме и сите европски држави да придонесуваме Советот на Европа сè повеќе да се зацврстува како гарант на демократијата, човековите права и владеењето на правото“, изјави Радев.

Тој најави дека и овојпат ќе го постави прашањето за положбата на бугарската заедница во Македонија, тврдејќи дека македонските власти не преземаат доволно чекори за подобрување на состојбата.

„Повторно ќе ја отворам темата за која разговараме секојпат, а тоа е дека нема промена во односот на властите на Република Северна Македонија кон нашите сонародници во оваа земја. Напротив, проблемите се продлабочуваат“, порача бугарскиот премиер.

Најнови вести од: Регион

„Кауфланд“ казнет со рекордни 76 милиони евра во Бугарија – вршел притисок врз сите, компанијата се заканува со стопирање на инвестициите

Одлуката следува по повеќемесечно истражување на пазарот на храна, кое бугарскиот регулатор го започнал во јуни 2025 година, со посебен фокус на цените, трговските маржи и договорните односи меѓу големите синџири и производителите.

Најнови вести

To top