Регион

Во Македонија 27 степени, во Хрватска падна снег

Вечерва на хрватските планини се очекува снежна покривка од 30 сантиметри, а на јадранското крајбрежје силна бура

Истиот ден кога во Македонија температурите достигнаа неверојатни за ноември 27 степени во Хрватска падна првиот снег.

Тој ги побеле автопатот А6 и околните подрачја кај Равна Гора, Делнице и Врбовско, каде што сообраќајните камери забележаа зимски услови на патиштата.

Според хрватскиот метеоролошки портал „Истрамет“, вечерва во планинските предели се очекуваат поинтензивни врнежи од влажен снег, кои на одредени места би можеле да формираат снежна покривка до 30 сантиметри.

Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска предупреди за нагло влошување на временските услови, проследено со дожд, грмежи и силен ветер. Во повисоките планински предели дождот постепено преминува во лапавица и снег, а на јадранското крајбрежје се очекува силна бура.

 

Најнови вести од: Регион

Најдовски: Како книгата „Егејци“ на Кица Колбе, стана „подобна“ во Грција?

Откако јавно и гласно ја поддржа политиката на Заев и Преспанскиот договор, а потоа стана и дел од Комисијата за ревизија на историјата со Грција, книгата е добредојдена кај јуќниот сосед

To top