Македонија

Мисајловски: Образованието е темелна вредност во градењето на едно општество, а военото образование е столбот на кој се градат офицерските и подофицерските кадри

Образованието е темелна вредност во градењето на едно општество, а военото образование е столбот на кој се градат офицерските и подофицерските кадри, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешното одбележување на 30-годишнината од основањето на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје.

Образованието е темелна вредност во градењето на едно општество, а военото образование е столбот на кој се градат офицерските и подофицерските кадри, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешното одбележување на 30-годишнината од основањето на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје. На свеченоста присуствуваше и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Мисајловски порача дека академијата изминатите 30 години прерасна во значајна високообразовна институција во државата и регионот, а успехот го припиша на посветеноста на образовниот кадар кој придонесува во градењето на младите питомци во професионалци подготвени и мотивирани да ја преземат лидерската улога.

Тој нагласи дека преку наставните програми, каде се изучуваат и лидерските способности на личности како генерал Апостолски и други значајни личности од македонската историја, Академијата поставува цврсти темели за едукација на кадри кои го следат заветот на националните херои.

Министерот се осврна и на регионалниот карактер на Академијата, посочувајќи дека преку едукацијата на питомци од соседните земји се зајакнува соработката, се разменуваат искуства и се создава мрежа на идни офицери подготвени за интероперативност.

На свеченоста, Мисајловски му честиташе на новиот декан полковникот Ненад Танески за преземањето на функцијата и му се заблагодари на досегашниот декан полковникот Митко Богдановски за придонесот во развојот на оваа институција.

Полковникот Танески истакна дека во изминатите 30 години Академијата се изгради како единствена воена високообразовна институција во државата, која постави темели за квалитет, традиција и континуиран развој. Тој додаде дека од првите генерации до денес, 1.234 питомци, од кои 74 странци од НАТО и партнерските земји, низ обука и образование станаа офицери, лидери и врвни професионалци.

Во рамките на свеченоста беше промовирана и монографијата „30 години Воена академија“ – капитално дело кое ја обележува историјата, достигнувањата и придонесот на Академијата во државата и општеството.

Најнови вести од: Македонија

Штип ги награди најдобрите ученици во општината

Општина Штип денеска на свечен начин ги промовираше првенците на генерацијата од основните и средните училишта во Штип. По четврти пат се доделуваат прзинанија и парични награди за најдобрите ученици во една генерација. Градоначалникот на општина Штип,Иван Јорданов истакна дека со оваа манифестација се вреднуваат нивните постигнувања на државни и меѓународни натпреварувања

Д-р Рендевски: Органодарителството е висок морален и хуман чин

Проф. д-р Владимир Рендевски, неврохирург на Универзитетската клиника за неврохирургија, во видеообраќање, во рамките на националната кампања „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, упати апел до семејствата на потенцијалните донори да дадат согласност за органодарителство нагласувајќи дека станува збор за висок морален и хуман чин, кој спасува животи

To top