Македонија

ВРЕДИ ги поздравува оние кои му свртеа грб на Таравари

„Пратеници, министри, директори, високи партиски функционери, претседатели на ограноци, лидери на младински форуми и женски форуми, активистки од сите региони јасно и недвосмислено артикулираат дека не се со кланот и планот на Али Ахмети, туку со граѓаните, со надежта и со проектот за промени“, се вели, меѓу другото, во денешното соопштение на Коалицијата ВРЕДИ. Од […]

„Пратеници, министри, директори, високи партиски функционери, претседатели на ограноци, лидери на младински форуми и женски форуми, активистки од сите региони јасно и недвосмислено артикулираат дека не се со кланот и планот на Али Ахмети, туку со граѓаните, со надежта и со проектот за промени“, се вели, меѓу другото, во денешното соопштение на Коалицијата ВРЕДИ.

Од Коалицијата веат дека изразуваат најискрено добредојде и благодарност до сите оние експоненти на Алијансата за Албанците кои, во важни моменти за иднината на Албанците во  Македонија, избраа да останат таму каде што припаѓаат со достоинство: покрај граѓаните и дел од проектот за промени“.

Се’ поизвесно е дека крилото на АА на Тарави смета на зближување и поддршка од ДУИ на локалните во октомври.

„Оваа нивна одлука не е само политички став, туку е чин на граѓанска одговорност, вреден придонес во процесот на длабока трансформација што го започнавме заедно.

Во време кога личните интереси и затворените пазарења се обидуваа да ја деформираат волјата на 107 илјади албански гласачи, овие претставници покажаа дека политичкиот интегритет не може да се купи или отуѓи“, велат во соопштение од ВРЕДИ.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Местото на Македонија е на масата во Брисел како рамноправна членка

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ упати порака до европските институции дека очекува јасни гаранции оти нема да има нови билатерални условувања и дека македонскиот идентитет, јазик и култура се константа и неспорен факт

Се враќаат „старите“ имиња на улици во Тетово

Уставниот суд на вчерашната седница со мнозинство гласови ја укина одлуката со која во 2007 година, во Тетово, беше извршено преименување на повеќе улици и на централниот градски плоштад од „Маршал Тито“ во „Илирија“

Јовева: Не е Македонија на испит – Европа е!

Македонците не треба да ја плаќаат цената за политичките фрустрации на другите, изјави вчера европратеничка од Словенија, Ирена Јовева, во Европарламентот за време на расправата за Извештајот за Македонија за напредокот за членство во Европската Унија.

To top