Македонија

Манасиевски: Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Партијата посочува кон неврологот Барбов, назначен во времето на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изнесе сомневања за можно влијание на поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, врз изготвувањето на лекарскиот извештај за здравствената состојба на Ива Михаилова.

Партијата не презентираше докази за нивна директна вмешаност, туку побара надлежните институции да постапат по допрен глас и да отворат истрага за случајот.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на прес-конференција образложи дека медицинскиот извештај за Михаилова го изготвил неврологот Иван Барбов, кој во 2017 година бил назначен за директор на Клиниката за неврологија, во периодот кога СДСМ беше на власт.

„Очекуваме одговори од Филипче и Заев, дали е точно дека имаат ургирано кај својот криминален другар и доктор Барбов, да направи таква дијагноза за Ива Михаилова, во која докторот укажува дека таква метода за лекување нема во Македонија, туку има во Бугарија, затоа што се директно уценети од Румен Радев? Зошто Филипче и Заев си играат со довербата на јавноста?“, праша Манасиевски.

Партијата инсистира институциите итно да ја проверат основаноста на сомневањата и да утврдат дали имало било какво надворешно влијание при изготвувањето на извештајот.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

To top