Македонија

Македонија меѓу побезбедните држави во светот според „Мапата на опасности за 2027“ на „Глобал гардијан“ од САД

Македонија и останатите земји од Западен Балкан се наоѓаат во категориите со ниска до умерена безбедносна опасност, покажува Глобалната мапа на опасности за 2027 година, објавена од американската компанија за корпоративна безбедност „Глобал гардијан“.

Според анализата, земјава се смета за релативно безбедна дестинација за патување, деловни активности и транзит, особено во споредба со подрачјата погодени од војни, хуманитарни кризи и организирано насилство.

Процената не се заснова само на воените закани, туку опфаќа седум фактори: вооружени конфликти, криминал, тероризам, политичка стабилност, здравствена заштита, инфраструктура и изложеност на природни катастрофи.

Меѓу подрачјата со највисок ризик се наведуваат Украина, Газа, Судан, Јемен, Сомалија, Сирија, Авганистан и Хаити, каде што активните воени судири, хуманитарните кризи и нарушеното функционирање на државните институции претставуваат сериозна закана.

Извештајот посочува дека безбедносните услови може значително да се разликуваат во рамките на една земја. Како градови со сериозни безбедносни предизвици се издвојуваат Кулијакан во Мексико, Гвајакил во Еквадор и Порт-о-Пренс на Хаити, каде што дејствуваат криминални групи. На листата се и Дурбан во Јужноафриканската Република, Гватемала Сити, Картум, Могадишу и Гома, каде што насилниот криминал, вооружените судири и хуманитарните проблеми ја влошуваат состојбата.

Мапата бележи и подобрувања во некои земји. Јамајка преминува од категоријата со висок во категоријата со среден ризик, што се поврзува со мерките против организираниот криминал и намалувањето на бројот на убиства. Јужна Кореја, пак, повторно е во категоријата со низок ризик по периодот на политички тензии, благодарение на стабилизацијата на институциите.

За Македонија и регионот, меѓу главните предизвици се наведуваат повремените политички протести, социо-економските притисоци и потребата од дополнителни вложувања во инфраструктурата и здравствениот систем. Според процената, ризикот од насилен криминал врз туристите и странските државјани во Македонија е низок, а земјата не е меѓу дестинациите со активни воени конфликти или изразена терористичка закана.

Сепак, безбедносните процени може да се менуваат во зависност од развојот на настаните. Поради тоа, патниците треба да ги следат актуелните информации и официјалните предупредувања пред и за време на патувањето, вклучително и препораките на Министерството за надворешни работи.

Најнови вести од: Македонија

ЕФА: Се засилуваат притисоците и заплашувањето на македонското и турското малцинство во Грција

Особено загрижувачки се случаите на попречување на културните манифестации на Македонците, особено во Леринскиот регион. Според ЕФА, грчките власти интервенирале на локални фестивали на кои се пеело и играло на македонски јазик, користејќи инспекциски контроли, пријави за бучава и предвремено прекинување на настаните

Богојески: Останувам на изјавата за машка контрола на жената (ВИДЕО)

Овој пат удри и по мажите: „Вие мажите што ме напаѓате, што мажи сте? Вас ви одговара да ги пуштате ќерките полуголи пред Силбо и жените што неможете да ги соберете од кафани“, вели тој во видеообраќањето

ВРЕДИ: Излегувањето на Артан Груби и Перпарим Бајрами од притвор е скандал без преседан

„Како политички субјект на власт, ќе ги искористиме сите институционални механизми за да ја откриеме вистината зад овој скандал и да ги увериме граѓаните дека правдата и државата нема да бидат предмет на исмевање“, велат од ВРЕДИ

To top