Македонија

Драги Рашковски фатен со голема количина кеш во обид да излезе од Македонија

Не ги пријавил на царина

Македонската царина при претрес на возилото го фатила екс генералниот секретар на Владата на Заев, Драги Рашкоски со кеш пари, 20.000 евра на јужната граница за кои немал покритие ниту биле пријавени. Тој овие пари сакал да ги пренесе на грчка страна, јавува Радио Лидер.

Во моментот е задржан на границата Богородица, а вишокот на сумата е конфискуван. Инаку во прв степен, поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и уште шестмина обвинети добија затворски казни за злоупотреби од три до осум години затвор во случајот „Софтвери“.

Најнови вести од: Македонија

To top