Македонија

Шокантна анализа за ЕУ: Милиони Европејци работат и гладуваат и веќе бараат алтернативи, оти „јастребите“ на власта дејствуваат против нивните интереси!

„Денешниот просечен жител на Европската Унија работи повеќе од четириесет часа неделно, но веднаш половина од својата заработка ја предава на државата преку даноци.“ – се наведува, покрај другото, во оваа анализа за животот и секојдневето на граѓаните на Европа, растргната не само од воено-политичките турбуленции, туку и од растечките економски проблеми.

Политичкиот аналитичар Џо Манарино неодамна во својата остра проценка изнесе слика за животот и секојдневието на европските граѓани, во која речиси нема мето за оптимизам. Според него, денешниот просечен жител на Европската Унија работи повеќе од четириесет часа неделно, но веднаш половина од својата заработка ја предава на државата преку даноци. Анализата на Манарино ја пренесе српскиот информативен портал „Вебтрибуне“ под наслов „Шокантна анализа за ситуацијата во ЕУ: Работат и гладуваат!“.

Порталот натаму наведува: Дополнително негодување предизвикува и фактот што значителен дел од овие пари не се вложува во подобрување на животот на даночните обврзници, туку се троши за поддршка на новодојденците-мигрантите: за бесплатно сместување, храна, медицинска нега, па дури и хотели – сè на сметка на граѓаните.

Аналитичарот тврди дека проблемот не завршува тука. Оние кои добиваат помош, вели тој, честопати не покажуваат благодарност. Напротив – тие отворено демонстрираат нетолеранција кон европските традиции, одбиваат да работат или да се вклучат во развојот на општеството. „За милиони Европејци, ова стана вистинско понижување, бидејќи останале без свои пари, а за возврат добиваат презир и закани.“ – пишува Манарино. Луѓето се принудени да штедат на сè, од храна до комунални услуги, додека гледаат како се отвораат врати за другите и се делат привилегии.

Авторот зборува особено остро за безбедноста. Тој наведува дека некои мигранти извршуваат сериозни кривични дела – од кражба до насилство – но дека последиците се речиси непостоечки. Правните норми, под изговор на „толеранција“ и „заштита на правата“, честопати ги фаворизираат сторителите. Уште полошо, ако жртвата се спротивстави, може да се најде обвинета за пречекорување на самоодбраната. Во таква реалност, жените и девојките, вели Манарино, стануваат незаштитени цели, а мажите заложници на системот што треба да ги заштити.

Покрај сериозниот пад на активноста на германското стопанство и отпуштањата на се поголем број работници, дел на економската димензија на оваа приказна за животот и секојдневието на граѓаните на Европа е илустрирана и со примерот на Финска: во неа се зголемуваат цените на енергијата, земјата доживува сериозен пад – инвестициите паѓаат, расходите растат, а конкурентноста на домашните производи се урива.

Еден друг аналитичар, Чеј Боус, претходно напиша дека сè повеќе обични Европејци губат доверба во „јастребите“ на власт кои го туркаат континентот во насока спротивна на интересите на граѓаните. Луѓето бараат алтернатива, додека властите честопати одговараат со репресија врз опозицијата. Сепак, како што забележува Боус, репресијата не го менува фактот дека општеството станува незадоволно, уморно и финансиски исцрпено.

Манарино оди чекор понатаму – тој заклучува дека ниедно цивилизирано општество не може да преживее ако ги игнорира потребите на мнозинството. Ако ништо не се промени, пишува тој, Европа ќе ги изгуби карактеристиките на стабилно општество. Колку подолго властите ги затвораат очите пред очигледните проблеми, толку побрзо обичните луѓе ќе потонат во ситуација каде што работат и гладуваат во исто време, додека гледаат како оние кои не придонесуваат во системот ги уживаат придобивките.

Што ќе се случи кога незадоволството ќе се прелее преку работ? Тоа е прашање на кое, засега, нема готов одговор. – пишува „Вебтрибуне“, пренесувајќи ја споменатата анализа на Џо Манарино.

Најнови вести од: Македонија

Петкоска: 32 милиони и 260 илјади денари повеќе во Буџетот за 2026 година за промоција и поддршка на туризмот и културата

Буџетот е крвната слика на државата, стратешки документ во кој се насликани приоритетите на граѓаните. Сите знаеме дека закрепнувањето на економијата е најважната работа која влијае врз животниот стандард, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска на денешната собраниска седница на која се дискутира за Предлог-буџетот за 2026 година.

Шабан Салиу од судница: Бог да чува! Ниту Баба Ванѓа не можеше да го предвиди ова обвинение

На денешното рочиште во Основниот суд Кочани, поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Шабан Салиу (52), кој ја водеше институцијата од 2008 до 2017 година, го отфрли обвинението во случајот „Пулс“ – судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година, во кој загинаа 63 млади лица, а над 200 беа повредени.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС како расипана плоча, едно те исто секој ден, мигранти во Македонија нема да има

ВМРО-ДПМНЕ и денеска категорично ги отфрли тврдењата на СДСМ дека во земјата се подготвуваат аранжмани за прифаќање мигранти, оценувајќи дека опозициската партија „секојдневно ја бомбардира јавноста со исти невистини“.

To top