Македонија

Стоилковиќ со честитка по повод Денот на независноста

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ со честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на РС Македонија

facebook.com/MinisterstvozaOdnosimegjuZaednicite

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ со честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на РС Македонија

„Во мое лично и во име на Министерството за односи меѓу заедниците, дозволете ми да упатам искрени честитки до сите граѓани по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.

Овој значаен ден во историјата на нашата држава нѐ потсетува на заедничката волја на народот изразена на референдумот во 1991 година – за суверена и демократска држава.

Независноста нè поттикнува да вложуваме постојани напори за општество засновано на еднаквост, меѓусебна почит, разбирање и солидарност меѓу сите национални заедници. Нашата сила отсекогаш била во нашата различност, а успехот во нашата способност да бидеме обединети во клучните цели.

Да ни е честит Денот на независноста – 8 Септември!“

Најнови вести од: Македонија

Директорот на БЈБ Александар Јанев во Битола оддаде почит на загинатите припадници на полицијата

Станува збор за храбри луѓе кои, носејќи ја униформата и извршувајќи ја својата должност чесно, одговорно и без двоумење, ги положија своите животи во служба на државата и безбедноста на граѓаните

To top