Свет

Руски беспилотни летала соборени над Полска!

Полска е членка на НАТО, трансатлантскиот одбранбен пакт во кој учествуваат САД и кој го применува принципот дека нападот врз еден е напад врз сите

 

Војската на Полска рано утрово објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз соседна Украина.

„Распоредено е оружје и службите активно работат на лоцирање на соборените објекти“, соопшти Полската оперативна команда.

Се додава дека е во тек воена операција и ги повика жителите да останат во своите домови.

Полска е членка на НАТО, трансатлантскиот одбранбен пакт во кој учествуваат САД и кој го применува принципот дека нападот врз еден е напад врз сите.

Делови на беспилотни летала се пронајдени во близина на гробишта во градот Чесники, во југоисточна Полска, потврди локалното обвинителство, додавајќи дека никој не е повреден според досегашните наоди.

Голем број руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор синоќа, изјави полскиот премиер Доналд Туск, додавајќи дека беспилотните летала што претставуваа директна закана биле соборени.

„Синоќа, голем број руски беспилотни летала го нарушија полскиот воздушен простор. Овие беспилотни летала, кои претставуваа директна закана, беа соборени. Јас сум во постојана комуникација со генералниот секретар на НАТО и нашите сојузници“, рече Туск.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша најновиот руски напад врз Украина, за време на кој беспилотните летала влегоа во полскиот воздушен простор, како „уште еден чекор на ескалација“.

Најнови вести од: Свет

Француската десница во неизвесност: Ле Пен зависи од апелацискиот суд

Лидерката на француската ултрадесничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен, изјави дека нема да се номинира за претседател на изборите во 2027 година, освен ако апелацискиот суд не ја укине сегашната забрана за кандидатурa, според бриселското Политико.

Вооружувањето на Германија создава тектонски промени на моќта во Европа, но и остава сомнеж од можен „Четврти Рајх“

Со децении досега, Европската унија се потпираше на непишано правило: Германија ја водеше економијата, а Франција воената политика. Тоа правило денес е минато, а улогите се менуваат со брзина што ја нарушува рамнотежата на континентот.

Лавров: Русија ќе тестира нуклеарно оружје само ако САД или други го сторат тоа

Во интервју за руски медиуми, шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва ќе спроведе нуклеарни тестови доколку и другите нуклеарни сили започнат со вакви проби, нагласувајќи дека Русија не планира да ги иницира тие.

Најнови вести

To top