Македонија

Видео на денот: Пробно биење на камбаните на црквата „Св. Константин и Елена“ во Скопје

Десет дена откако ги доби своите свети крстови, од црквата во изградба „Св. Константин и Елена“ во центарот на Скопје денеска се слушнаа и камбаните, овековечено во видеото на денот. За потребите на црквата што почна да се гради пред 13 години биле изработени 12 камбани во фабриката „Грасмаер“ во Инсбрук, од кои најголемата е со тежина […]

Десет дена откако ги доби своите свети крстови, од црквата во изградба „Св. Константин и Елена“ во центарот на Скопје денеска се слушнаа и камбаните, овековечено во видеото на денот.

За потребите на црквата што почна да се гради пред 13 години биле изработени 12 камбани во фабриката „Грасмаер“ во Инсбрук, од кои најголемата е со тежина од 8,3 тони, а втората и третата тежат 3,5 и 2,3 тони. Пластичната декорација и иконите на камбаните се дело на Дарко и Елена Дуковски.

На најголемата камбана стои натписот: „Во слава на пресветата и единосушна тројца, отецот и синот и светиот дух и во чест на светите рамноапостолни цар Константин и царица Елена, се излеа ова ѕвоно во летото на Христа 2014“.

На второто по големина ѕвоно стои натписот: „Боже чувај ја татковината наша света македонска и нашиот благоверен народ“.

Најнови вести од: Македонија

Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој […]

Ајварот, струшкиот вез, ратевските бамбурци и чалгиската музика се новото заштитено културно добро на Македонија

Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) изминатиов период интензивно работи на впишување на нови нематеријални добра на национално ниво, амбицирајќи се да ја достигне симболичната бројка на 100 впишани нематеријални добра во Главната книга (дел III) од Националниот регистар.

To top