Свет

“Судниот ден” требало да биде на 13 ноември 2026

Научници во 1960 година математички предвиделе дека луѓето нема да изумрат од глад, туку од пренаселеност

Во 1960 година, научниците создадоа математички модел што им овозможуваше да ги предвидат точниот датум и причината за крајот на светот.

Според нивните пресметки, тој требаше да се случи во петок, на 13 ноември 2026 година, пренесува списанието „Science“.

Истражувачите го засноваа својот модел на стапките на раст на светското население во текот на претходните 2.000 години. Доколку трендот продолжеше непроменет, човечката популација математички ќе достигнеше бесконечност до 13 ноември таа година.

Научниците веруваа дека нивните потомци нема да изумрат од глад, туку од пренаселеност.

Некое време, предвидувањата на научниците се совпаѓаа со реалноста, но од почетокот на 1990-тите години, демографските показатели почнаа да опаѓаат.

Глобалната стапка на наталитет сега е намалена за речиси половина во споредба со 1960 година.

Најнови вести од: Свет

Родители во САД го тужат Гугл: „Нашата 13-годишна ќерка Ема планираше самоубиство со помош на вештачка интелигенција!“

Родители на 13-годишно девојче го тужат Гугл, тврдејќи дека нивната ќерка ја користеше технологијата за вештачка интелигенција на компанијата, преку училиштен компјутер, за да испланира самоубиство и сопствен погреб. Тужбата, поднесена во понеделникот, на 2 ноември, пред суд во Калифорнија, се смета за прв случај во кој Гугл се обвинува за невнимание во врска со функциите за пребарување базирани на вештачка интелигенција, кои се достапни на училишните уреди „Chromebook“, пишува Euronews.

To top