Македонија

Се реконструираат 7 операциски сали, целосно опремување на ГОБ „8 Септември“ по најмодерни стандарди

Изјава

Очекувам дека до крајот на годината ќе биде и првата хируршка интервенција отпочната и успешно завршена од ова што можам како динамика да го видам којашто се случува овдека, така што јас би сакал да спомнам уште еден факт што не го кажа директорот, можеби затоа што е скромен, а тоа е фактот дека од стотици милиони долгови сега болницата работи позитивно, односно работи во интерес прво на пациентите, а потоа и задоволството на здравствените работници коишто се тука, изјави премиерот.

Интегрален текст од изјавата на премиерот Христијан Мицкоски:

„Добар ден и од мене.

Јас немам што дополнително да кажам од тоа што го кажа и директорот и колегите во Владата, можам само да се заблагодарам на луѓето од болницата, на директорот, што еве и покрај редовните активности ги имаат како болница буквално секој ден поминуваат тука и во овој градежен дел којшто се реновира и којшто треба да биде би рекол најсовремен и најубав во Македонија, а е дел од јавното здравство.

Очекувам дека до крајот на годината ќе биде и првата хируршка интервенција отпочната и успешно завршена од ова што можам како динамика да го видам којашто се случува овдека, така што јас би сакал да спомнам уште еден факт што не го кажа директорот, можеби затоа што е скромен, а тоа е фактот дека од стотици милиони долгови сега болницата работи позитивно, односно работи во интерес прво на пациентите, а потоа и задоволството на здравствените работници коишто се тука.

Така што уште еднаш дозволете ми да посакам успешно завршување на овој проект, сепак во јавното здравство инвестиција од 12 милиони евра преставува нешто коешто не се случило со години и коешто се надодава на сите оние инвестиции коишто ги работат Министерството за здравство, министерот, директорот на фондот за здравствено осигурување, така што во деновите коишто следат ќе имаме уште многу промоција на објекти коишто се реновирани, реконструирани на инвестиции во здравството, така што ве повикувам да не следите заедно да направиме увид, да видиме што сѐ се случува во македонското здравство за македонските пациенти и македонските здравствени работници.“

Најнови вести од: Македонија

Агресивни насилници од Студеничани попречувале полицајци во вршење службени дејства

На подрачјето на Драчево полициски службеници од СВР Скопје, вчера при контрола на Н.И.(22) од село Студеничани, Скопско, констатирале дека управувал возило без да поседува возачка дозвола. По кратко време на местото дошле две возила, од кои излегле неколку лица, меѓу кои и М.С.(30) од Студеничани, и ги попречувале полициските службеници при вршење на службените дејствија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Ристески: Владата има капацитет да се справува со кризи, не очекува поголеми потреси поради воениот судир

Како Влада будно ќе ја следиме ситуацијата. Колку побргу ќе заврши воениот судир подобро ќе биде за нас и за светот, истакна Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

Мицкоски: Пролетва состанок со претседателот на Турција Ердоган во Скопје – Ќе се засилат заемните односи

„Убеден сум дека како наш стратегиски партнер Турција ќе овозможи слободен пристап на македонските компании на турскиот пазар, оти дел од постојните пречки ќе бидат многу скоро избришани и македонските производители, посебно во земјоделието, фармацијата и во останатите гранки ќе може да најдат свое место на турскиот пазар.“ – рече премиерот Христијан Мицкоски.

Парламентот ќе гласа за двајца нови заменик-министри во Владата

Адмир Шабани, поранешен портпарол на ДИК, е предложен за заменик-министер за одбрана, а Дритон Сулејмани, поранешен советник од Куманово и портпарол на ВРЕДИ, е номиниран за заменик министер за образование

To top