Македонија

Дрисла чади, ама помалку

Чадење од депонијата Дрисла се уште има, но во многу помал обем и не е причина за утринската магла во Скопје

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов утрово имнформираше дека  во текот на вчерашниот ден е затрупан дел од просторот на депонијата Дрисла од кој имаше чадење.

„Денеска затрупувањето продолжува со засилено темпо бидејки вчера беа извршени неколку логистички зафати кои овозможуваат полесен и побрз пристап до критичната точка, информира утрово Ангелов.

Чадењето од депонијата Дрисла е се уште присутно, но во многу помал обем, и, според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. не е причина за утринската магла во Скопје.

Дивата депонија Вардариште, пак, е целосно изгасната и од неа нема никакво чадење.

Во врска со полемиките дали воздухот е дополнително загаден од депонијата Дрисла, од ДЗС упатуваат да се побара официјална информација од надлежното Министерство за животна средина и просторно планирање каде постои Одделение за мониторинг на квалитет на воздух.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top