Македонија

Мицкоски: Опозицијата планира лаги, шпекулации, подметнувања

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање за очекувањата од кампањата за локалните избори, изјави дека предвидува кампања полна со „шпекулации, конструкции, подметнувања и невистини“ од опозицијата и нивните малубројни поддржувачи.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање за очекувањата од кампањата за локалните избори, изјави дека предвидува кампања полна со „шпекулации, конструкции, подметнувања и невистини“ од опозицијата и нивните малубројни поддржувачи. Ова го истакна по промоцијата на изборната коалиција и потпишувањето на „Декларација за Македонија на граѓаните и за општини што создаваат иднина“ на 12 септември 2025 година.

Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери ќе се фокусираат на презентирање на конкретните резултати постигнати во последните четири години од страна на нивните градоначалници, како и на работата на централната власт во изминатите 15 месеци.

Ние како коалиција имаме со што да излеземе пред граѓаните, што сме направиле во изминатите четири години во општините, што сме направиле во изминатите 15 месеци како што сме централна власт и ќе се обидеме да направиме разлика меѓу оние седум години, кога ДУИ и СДСМ беа во Владата и овие четири години кога оваа коалиција управуваше со најголемиот дел од општините и оваа коалиција управува сега со Владата во Македонија, рече Мицкоски.

Тој додаде дека кампањата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде насочена кон промовирање на вистински проекти и резултати, за разлика од, според него, празните ветувања на опозицијата.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top