Македонија

Мицкоски: Проблемот со „Дрисла“ ќе биде саниран за една недела

Пожарот, како и во случајот „Вардариште“, бил подметнат

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на депониите Вардариште и Дрисла премиерот Христијан Мицкоски посочи дека се работи за подметнати пожари за кои веќе има приведени и осомничени лица, истакнувајќи дека е обезбедена градежна механизација која од денес таму ќе биде во функција.

„Апсолутно како Влада и како институции ги преземаме сите мерки да немате дилема, за Вардариште, знаете дека имаме веќе приведени и осомничени лица коишто ја користеле илегалната депонија Вардариште којашто постои повеќе од би рекол неколку децении, којашто е со габарит поголем од 20 хектари, за да произведуваат метали коишто потоа нелегално ги продаваат, тие лица се откриени, тие лица се приведени, од вчера има приватна Агенција за обезбедување здружено ангажирана од неколку општини. Истовремено како Влада и како институции, преку општествено одговорни компании обезбедивме градежна механизација, којашто веќе денеска ќе биде во полн состав таму. Вардариште би рекол е обезбедено, останува Дрисла“, вели Мицкоски.

Премиерот изјави дека проблемот со Дрисла ќе биде саниран за недела дена, а воедно и дека Министерството за внатрешни работи ќе ги разгледува причините за повторното распламтување на пожарот после санација на истиот.

„Дрисла во текот на вчерашниот ден би рекол е речиси санирана, но од некои чудни причини при крајот на ноќта повторно се распламти и за тоа денеска ќе се позанимава Министерството за внатрешни работи. Имав разговор и со министерот, на линија сме со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, со овие општествено одговорни компании очекувам денес, утре, тој проблем да биде саниран. Тоа што со децении не е санирано, тоа што со децении никој не водел сметка, еве за неколку дена би рекол, за недела дена ќе успееме да го санираме, јас сочувствувам апсолутно со секој оној граѓанин којшто го чувствува сето ова“, укажа Мицкоски.

Тој наведе дека е чудно како може пожар кој што е смирен и ставен под целосна контрола повторно да се активира, потенцирајќи дека сите виновници ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

„Но чудно е како во одредени јавни претпријатија каде што свои кадри има ДУИ се случуваат вакви работи, чудно е и тоа ќе го истражиме и ќе обезбедиме соодветни докази како може пожар кој што беше речиси смирен, односно ставен под контрола, наеднаш да се распламти и како токму сега, откако успешно се справивме со пожарите. Во околните држави имаше жртви, повредени, иселени градови и така натаму, а кај нас сето тоа беше цело лето успешно завршено и покрај диверзиите кои што ги имавме на почетокот на летото, наеднаш сега да се случува ова пред локалните избори. Вистинското прашање и вистинскиот одговор на тоа прашање, кому сето ова му одговара. Но, ние нема да се занимаваме сега. Сега работиме да го решиме проблемот, потоа ќе се занимаваме. И да знаете дека сите виновници ќе бидат изведени пред лицето на правдата “, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top