Македонија

Криминалистичка полиција влезе во ЈП „Дрисла“

Ангелов истакна дека имало најмалку уште три обиди за палење на депонијата, но, како што рече, за среќа биле брзо изгаснати

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во моментов вршат службени разговори со вработени во ЈП „Дрисла“ за да утврдат евентуално учество од внатре во подметнување на пожарот на депонијата, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и раководител на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција во близина на депонијата.

Според информациите со кои располага, Ангелов истакна дека имало најмалку уште три обиди за палење на депонијата, но, како што рече, за среќа биле брзо изгаснати.

– Од тие причини денеска побарав припадници на полицијата на криминалистичката полиција да влезат во депонијата и да поразговараат со вработените и да дојдат до релевантни информации околу можни причинители на пожарот на депонијата. Припадниците на криминалистичката полиција моментално се внатре во депонијата, не зборуваме за конкретно осомничен, туку ќе позборуваат со вработените дали постои можност некој од внатре да учествува во подметнувањето на пожарите или можеби некој од надвор доаѓа, веројатно малку физички спремен со канта бензин или шише бензин затоа што се работи за запаливи гасови да го подметне пожарот, рече Ангелов.

Во следниот период, тој најави дека ќе бидат употребени повеќе методи за набљудување на депонијата, како и зголемено полициско присуство, со цел откривање евентуални потпалувачи, бидејќи, како што рече, необјасниво е како се зголемува чадењето откако претходно се интервенирало и огнот драстично бил намален.

– Во околината на депонијата ќе има засилено полициско присуство, повеќе патроли и ќе употребиме и други методи за набљудување на самата депонија за откривање на евентуално потпалувачи, бидејќи малку е необјасниво како откако драстично ќе го намалиме огнот чадењето повторно само од себе толку многу да се зголеми, рече Ангелов.

Посочи дека во текот на вчерашниот ден дејствувала механизација, по што, некаде околу 18 часот чадењето било драстично намалено. – Зборувам за чадење, а не за горење, вели Ангелов, појаснувајќи дека видлив оган на депонијата нема, туку се работи за чад којшто излегува од внатрешноста како последица на силните хемиски и биолошки процеси кои се одвиваат на депонијата.

– Во текот на вчерашниот ден дејстувавме со механизација и некаде околу 18 часот добив информација дека чадењето е драстично намалено. Зборувам за чадење, а не за горење. Едноставно видлив оган нема или ќе се појави кратко на некое место и ќе исчезне, се работи за непријатна чад која што сигурно во себе содржи токсини, но чад која што излегува од внатрешноста како последица на силните хемиски и биолошки процеси кои што се одвиваат во делот на депонијата каде што се слева исцедокот од депонијата. Активно горење на депонијата нема, рече Ангелов.

Депонијата, додаде, е на површина од околу 85 хектари, но заграден е само делот на влезот, додека останатиот дел од каде произлегува чадот е апсолутно необезбеден.

– Површината на „Дрисла“ е околу 85 хектари, заграден е само делот кај влезот, затоа се има перцепција дека таа е оградена и обезбедена, таа перцепција е погрешна. Останатиот дел од каде произлегува чадот е апсолутно необезбеден и има повеќе камери, но се сомневам дека се функционални особено тие во задниот дел од депонијата. Од тие причини, можам да кажам дека депонијата е лесно достапна за злонамерници кои што би сакале да подметнат или да го продолжат веќе постоечкиот пожар, рече Ангелов.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

To top