Македонија Бизнис

Дали само продуктивноста на работниците е пресудна за подобар резултат и повисоки плати?!

Сојузот на синдикатите на Македонија го задржува својот став дека не само минималната, туку и сите плати во Македонија треба да се зголемат. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска изјави дека државата е меѓу земјите во регионот со најниски примања, вклучувајќи ја и просечната и минималната плата, а од другата страна, Владата или работодавачите, немаат […]

Сојузот на синдикатите на Македонија го задржува својот став дека не само минималната, туку и сите плати во Македонија треба да се зголемат. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска изјави дека државата е меѓу земјите во регионот со најниски примања, вклучувајќи ја и просечната и минималната плата, а од другата страна, Владата или работодавачите, немаат разбирање за сериозен напредок.

  • Работниците во Македонија се најниско платени на Балканот, а да не зборуваме за Европа. За жал, ние сме една од државите во регионот која има најниска и просечна и минимална плата. Не гледаме слух од спротивната страна, од Владата или работодавачите да направат некаков сериозен исчекор, иако слушнавме дека во Србија од 1 октомври минималната плата ќе биде 500 евра, онолку колку што бара ССМ во Македонија, а од 1 јануари ќе изнесува 550 евра. Веќе и со повисока плата од онаа што ја бараме работниците, за жал, заминуват од земјава, но не само заради платите, туку и незадоволни од условите во кои живееме,” истакна Трендафилов.

Тој посочи дека продуктивноста треба да се насочи само преку еден аспект – зголемување на платите. “Нашите работници во Црна Гора, Словенија, Германија, Србија, Хрватска, Аврстија се продуктивни зашто таму платите се три до четири пати повисоки од нашите,” рече Трендафилов, додавајќи дека ако работодавачите планираат да не ги плаќаат работниците како што го прават тоа денес, не можат да очекуваат раст на продуктивноста.

Од Владата велат ќе испочитуваат се што ќе договорат работодавачите и синдикатите.

  • „Врз база на тој социјален дијалог е донесен и тој закон кој денес се почитува за минимална плата и ние максимално и коректно го почитуваме тој закон. За други законски измени кои би следувале понатаму сепак треба да има одреден социјален дијалог“, кажа Марјан Ристески, заменик министерот за економија и труд.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Ангелов: Сѐ уште има опасна бактерија во водата во Гостивар, предизвикува инфекции на кожата, очите и ушите

„Водата во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и готвење, иако состојбата постепено се подобрува.“ – изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

ВМРО ДПМНЕ: СДС нудат нови идентитетски отстапки и национални предавства, за да бидат донесени на власт од странски агентури, како некогаш Заев!

„СДС на чело со Венко Филипче се препозна самиот дека е талогот кој, како сидро го влече народот во нихилизам (убедување дека нештата немаат никаква цел ниту значење – ред.заб.) и убивање на надежта. Се нудат и договараат да спроведат нови идентитетски отстапки и национални предавства, само за да бидат донесени на власт од странски агентури“ – ги обвинува ВМРО ДПМНЕ лидерот Венко Филипче и неговите сопартијци.

To top