Македонија

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

Настанот привлече учесници од 23 градови од Македонија и вкупно девет земји, а 50% од тркачите беа помлади од 30 години. Со старт и цел пред Општина Центар, на улицата „Орце Николов“, учесниците се натпреваруваа на две дистанци: полумаратон од 21 километар и трка на 5 километри.

ПОБЕДНИЦИ НА ПОЛУМАРАТОНОТ – 21К

Во женска конкуренција, победи Адријана Поп Арсова Рашиќ со време 1:18:26 и награда од 20.000 денари. Второто место го освои Биљана Кираџиева со 1:24:30 и награда од 15.000 денари, а третото Марија Остојчиќсо 1:37:37 и награда од 10.000 денари.

Во машка конкуренција, прв беше Бојан Чаприќ со време 1:14:50 и награда од 20.000 денари. Втор заврши Димитар Илиев со 1:15:05 и награда од 15.000 денари, а трет Кокан Ајановски со 1:15:38 и награда од 10.000 денари. Сите освојувачи на првите три места на полумаратонот се од Македонија.

ПОБЕДНИЦИ НА ТРКАТА НА 5 КИЛОМЕТРИ

Во женска конкуренција, победи Дарија Крстевска со време 18:47 и награда од 12.000 денари. Второто место го освои Снежана Димовска со 21:21 и награда од 9.000 денари, а третото Бистра Груевска со 21:28 и награда од 6.000 денари. Сите три првопласирани се од Македонија.

Во машка конкуренција, победи Албион Имери од Косово со време 15:35 и награда од 12.000 денари. Втор беше Григоријан Никовски од Македонија со 15:50 и награда од 9.000 денари, а трет Урош Гутић од Босна и Херцеговина со 17:13 и награда од 6.000 денари.

Вкупниот награден фонд изнесуваше 144.000 денари, со еднакви награди за жените и мажите на двете дистанци. За атмосферата се погрижија водителката Даниела Станоевска Џидрова и диџеј Вито, а за освежување на учесниците беа обезбедени вода, вода со вкусови, електролити и банани.

Организаторите им се заблагодаруваат на учесниците, публиката, волонтерите, партнерите и ангажираните екипи. Посебна благодарност упатуваат до МВР за обезбедувањето и регулирањето на сообраќајот и до жителите на Центар за трпението и разбирањето за време на трката.

CENTAR NIGHT RUN го организира ПРВ ДО ВРВ, со поддршка на Општина Центар, со желба трката да прерасне во нова градска традиција.

Најнови вести од: Македонија

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот договор“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?! Зашто, великанот на македонската дијалектологија аргументирано докажа и сиот свој живот го бранеше македонскиот јазик како столб на македонскиот идентитет – столб кој е денес загрозен со бугарските евроинтеграциски уцени и ултиматуми.

Студиите на Божидар Видоески ги кршат на парчиња грчко-бугарските шовинистички негирања на македонските дијалекти во Егејска и Пиринска Македонија (1)

Со своето големо научно дело за македонската дијалектологија професорот и академик Божидар Видоески му изгради траен паметник на македонскиот народ за неговиот мајчин македонски јазик и неговите дијалекти, на македонскиот идентитет. Зашто во дијалектите на македонскиот јазик се вградени сета негова историја, сето зборовно богатство, културата, обичаите, народните традиции, песните. Вчера, на 8 ноември 2026 година, се навршија 106 години од раѓањето на Видоески, основоположникот на современата македонска дијалектологија. Тој остави зад себе остави огромно дело од повеќе од 300 библиографски единици – дијалектолошки студии, монографии, статии, документи и др., објавувани во домашни и видни странски списанија и зборници. Истражувањата и студиите на овој македонист, славист и дијалектолог жестоко ги побиваат сите антимакедонски и ненаучни фалсификати и оспорувања на македонскиот народ, јазик и идентитет, кои се вградени во „Договорот за добрососедство“ со Бугарија, односно „Бугарскиот договор“, како и во „Преспанскиот договор“.

Крива Паланка бара државна помош: Општината нема капацитет сама да се справи со кравите

Општинскиот кризен штаб алармира дека над 1.000 грла добиток се движат низ центарот и уништуваат имоти, по што градоначалникот Сашко Митовски побара итна владина интервенција

Мицкоски: Правосудниот испит не може да биде само на албански јазик

Делот од правосудниот испит што опфаќа симулација на судска постапка – во рамките на кривичен или граѓански предмет – мора да се спроведува на *lingua franca*, односно на македонскиот јазик“, објасни премиерот

Палмер: Жално е што Бугарија е во позиција да го блокира Скопје за ЕУ

Билатералните спорови не треба да го попречуваат пристапниот процес и очекува поактивна улога од Брисел и од клучните земји членки, вели поранешниот специјален претставник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер

Најнови вести

To top