Македонија

30 години Семос едукација

Едукација

Семос едукација под мотото „Знаење што менува“ прослави 30 години од основањето. Прославата почна со претставување на новиот бренд идентитет на Семос едукација – симбол на континуираната трансформација и прилагодување кон современите трендови во образованието и технологијата. Генералната директорка Валентина Тасева ја истакна улогата на компанијата во градење дигитални вештини, кариери и бизниси низ изминатите три децении.

На настанот присуствуваа претставници на меѓународните партнери. Патрик Керстен (Patrick Kersten), претседател на бордот на LLPA (Leading Learning Partners Association), кој ја нагласи важноста на Семос едукација во глобалниот еко систем.

За време на роденденот беа доделени и специјални признанија на компании за континуирана инвестиција во ИКТ едукација, партнерство за трансформација на вештини, иновации во сертификација и општествен импакт. Награда за партнерство со трајни вредности беше доделена на Стопанска банка АД – Скопје, три меѓународни награди за развој на дигитални вештини беа доделени на Асеко Белград, А1 Србија и Рајфајзен банка Албанија. Глобална награда за стратешко партнерство доби Glasspaper од Норвешка. Партнери во AI едукација 2024/2025 за најиновативна примена на AI технологии и трансформација на деловни процеси на Support and Solutions и Македонски телеком. Награди за најголемо инвестирање во ИТ едукација 2024/2025 беа доделени на Халк Банка, Аптив и Алкалоид. И награда за извонреден општествен придонес на Агенција за вработување на Македонија.

„Три децении сме доказ дека знаењето навистина менува – луѓе, кариери и цела заедница. Гордa сум што заедно со нашите партнери и студенти ја пишуваме оваа приказна,“ изјави Валентина Тасева, генерална директорка на Семос едукација.

Најнови вести од: Македонија

Сплотени за историска победа во Скопје

Во срцето на Општина Чаир, кандидатот за градоначалник на Скопје од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, изрази длабока благодарност кон коалицискиот партнер Вреди и ја пофали „огромната поддршка и заедничката енергија“ што ја влеваат во вториот круг од локалните избори, нагласувајќи ја силата на соработката што ја сплотува коалицијата.

Аларм: Расте бројот на луѓе со мозочни удари – годишно околу 5 000 нови случаи

Околу 5 000 нови случаи со мозочен удар има на годишно ниво во државата, вели проф. д-р Анита Арсовска, шеф на одделот за ургентна неврологија при Универзитетската клиника за неврологија. Тоа, според Арсовска, значи дека има 200 до 300 мозочни удари на 100 илјади жители.

ЕУ ги смени правилата за проширување што не се прави ниту во спортот – Сиљановска-Давкова на Парискиот Мировен Форум

  Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат порача претседателката Гирдана Сиљановска-Давкова на Парискиот мировен форум кој во главниот град на Франција се одржува денеска и утре.   Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, се обрати на сесијата посветена на младите и европската перспектива на Балканот. Таа укажа на суштинската […]

Како сега ќе функционира „Комунална хигиена“ без директор?!

Кривичниот суд вчера одреди притвор од 30 дена за директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Сабахудин Рустеми и за управителот за отпад во претпријатието. Обвинителството претходно побара притвор за двајцата поради сомненија за стореното кривично дело Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230, став 1 од Кривичниот законик.

To top