Македонија

Велосипедист пукал неколкупати со огнено оружје во М. И. (18) изминатата ноќ во Чаир, кој е со повреди однесен во Ургентен центар

Се уште нема сознанија за идентитетот на велосипедистот, ниту од кои мотиви пукал кон тинејџерот.

Осумнаесетгодишно момче од Скопје е повредено, откако велосипедист пукал кон него во скопски Чаир. Настанот се случил ноќеска на улица „Методија Митевски“, а бил пријавен во полиција нешто по 1 часот по полноќ. Тинејџерот М. И. бил однесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ од страна на В. И. (28) од Скопје, кој со возило го донел повредениот.

„Полициски службеници од Полициската станица ‘Битпазар’ извршиле разговор со В. И. (28) од Скопје. Тој изјавил дека на улицата ‘Методија Митевски’ едно лице, кое било со велосипед, неколкупати од огнено оружје пукало кон М. И. и го напуштило местото.“ –  наведуваат од МВР.

На местото на настанот е извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести од: Македонија

Трамп веќе го „стави“ американското знаме на Грендланд и порача: „Нема враќање назад“!

Американскиот претседател Доналд Трамп не отстапува од идејата САД да го преземат Гренланд, додека европските лидери продолжуваат да се спротивставуваат на неговите барања. Тој сподели слика генерирана од вештачка интелигенција од себе заедно со Марко Рубио и Џ.Д. Венс, како го поставуваат американското знаме на Гренланд, со знак на кој пишува „Гренланд – територија на САД – формирана 2026 година“.

Судијата Ристов е во Обвинителството: се бара да оди во куќен притвор, се истражуваат 350-те илјади евра,најдени во ѕид

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го сослуша осомничениот судија Ѓоко Ристов, при што му беа предочени сите досега прибрани докази, врз основа на кои се темели основаното сомневање дека ги сторил кривичните дела, што му се ставаат на товар.

Со традиционалното капење на рибарите во Охрид одбележан празникот Свети Јован Крстител

Десетина граѓани на Охрид, тајфата на Никола Јакимоски, кој вчера го фати Чесниот крст во Охрид, како и неколкумина гости во градот и туристи, денеска во типично зимски амбиент со врнежи од снег, влегоа во студените води на Охридското Езеро. На тој начин тие ја продолжија традицијата на охридските рибари на православниот празник Свети Јован Крстител да се капат во езерото за да го одбележат почетoкот на риболовната сезона.

To top