Македонија Бизнис

(Видео): Како да се вработат над 16.000 граѓани преку деветте стратешки мерки?!

Над 16.000 граѓани ќе можат да се вработат преку девет стратешки мерки. Ова го предвидува оперативниот план на Владата за 2025-та. Поддршката за самовработување опфаќа три категории. Првата е невработени до 29 години, има опфат од 720 лица и финансиска рамка од 615.000 денари. Втората е невработени над 29 години која опфаќа 610 лица со финансиска рамка од 430.000 денари […]

Над 16.000 граѓани ќе можат да се вработат преку девет стратешки мерки. Ова го предвидува оперативниот план на Владата за 2025-та. Поддршката за самовработување опфаќа три категории. Првата е невработени до 29 години, има опфат од 720 лица и финансиска рамка од 615.000 денари. Втората е невработени над 29 години која опфаќа 610 лица со финансиска рамка од 430.000 денари неповратни средства. Третата е поддршка за вработување на здружување во друштво со ограничена одговорност кое е предвидено да опфати 400 лица.

  • Оперативниот план за вработување за 2025 година не е уште еден документ – тој е одговор на едно суштинско прашање: Како да ја претвориме економската стабилност во животна стабилност? Со рекордни 40 милиони евра, ова е најамбициозниот план досега, кој ќе допре до над 16.000 граѓани низ девет стратешки и добро темпирани мерки. Но, зад бројките стои нешто поголемо – одлуката да водиме економска политика што почнува и завршува со граѓаните“, рече Митева.

Во време кога довербата во институциите се гради тешко, државата е подготвена да ја покаже грижата – конкретно и мерливо.

Таа рече дека Поддршката за самовработување опфаќа три категории: за невработени лица до 29 години која според проекциите, има опфат од 720 лица, а финансиската рамка е 615.000 денари неповратни средства, втората категорија се невработени лица над 29 години која опфаќа 610 лица, а овде финансиската рамка е 430.000 денари неповратни средства и понатаму, доаѓаме до Поддршката за вработување на здружување во друштво со ограничена одговорност, кое е предвидено да опфати 400 лица. Е сега овде ќе може да се направи разлика во однос на финансиската рамка затоа што најнискиот износ од 861.000 денари ќе се однесува на два содружника над 29 години, а највисокиот од 1.230.000 денари се однесува на два содружника до 29 години.

Опозициската СДСМ обвинува дека оперативниот план е нов бран за партиски вработувања.

  • „ВМРО-ДПМНЕ ја направи Македонија приватна фирма, за семејни вработувања на блиските на функционерите од власта. Државните институции на ангро се полнат со роднини на функционерите на ВМРО ДПМНЕ. Единствен критериум за некој да добие вработување е фамилијарните и партиските врски, ништо друго и затоа младите и способни луѓе ја напуштат земјата“, велат од СДСМ.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Нема криење на гориво – засилени контроли и кај трговците, велат од Пазарен инспекторат

Во однос на можноста за намалување на ДДВ за увоз на енергенси, директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова изјави дека таквите проценки ги прави Владата со ресорните министерства, додека УЈП ќе ги спроведува мерките доколку бидат донесени.

Сиљановска-Давкова од „Треблинка“: Нема да дозволиме историски ревизионизам за Холокаустот на македонските Евреи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи што се одржа во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска.

Николоски во САД: Разговараме за раст на партнерството меѓу Македонија и Светска банка

Чарлс Кормиер, регионалниот директор за инфраструктура во Светска банка го поздравил присуството на вицепремиерот Николоски на глобалниот настан и истакнал дека оваа година Светска банка во фокусот ги стави темите поврзани со решенија за одржлив и инклузивен транспорт во светот како предуслов за раст и отворање на нови работни места.

To top