Македонија

Македонската метропола како голема депонија – Скопје се „дави“ во ѓубре, граѓаните бесни

Вработените во повеќе јавни комунални и водоснабдителни претпријатија се соочуваат со ниски плати и нивна нередовна исплата, неисплаќање на регрес за годишен одмор, немањето на работна и заштитна опрема, истакна претседателот на СУТКОЗ Стојанче Кашиковски.

Лоша состојбата со чистотата на македонската метропола. Си одат водоводџии, водоинсталатери, багерист, оператори на машини бидејќи платата во приватниот сектор е поголема, алармираат од ССМ. Вкупниот број колку работници заминале од комуналните претпријатија, дополнително ќе го обезбедат. Додека граѓаните се гушат во ѓубре и по неколку недели нема кој да ги собере кантите со смет, а за санирање на дефектите во водоводната мрежа се чека со денови – од Синдикатот алармираат дека состојбата во комуналните претпријатија е очајна. Ниските плати, нередовната исплата, немањето регрес за годишен одмор како и основна работна и заштитна опрема ги бркаат работниците од комуналните претпријатија во земјава.

Уште поалармантно е тоа што работничките права и платите ги добиваат благодарение на штрајкови и протести.

Во ЈП Водовод и канализација Скопје во изминатите две и пол години, претпријатието по разни основи го напуштија некаде околу 280 вработени. И за жал морам да потенцирам дека поголемиот дел од нив, покрај оние кои ги исполнуваат условите за редовно пензионирање, го напуштија претпријатието поради ниските плати, изјави Стојанче Кашиковски, претседател на СУТКОЗ.

Во таа насока, рече тој, СУТКОЗ реализира двегодишен проект „Промовирање и зајакнување на социјалниот дијалог во секторот за води преку иновативни пристапи“, финансиран од Европската Унија, за зајакнување на социјалниот дијалог во секторот за води, во соработка со синдикатите од Бугарија, Италија, Малта и Организацијата на работодавачи на Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Поранешен градоначалник дал дозвола за дива градба – заработи кривична

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.В.(55) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“

Славески бара да се заузда со закон растот на банкарските провизии

Во повеќе европски држави веќе постојат механизми за регулирање или ограничување на одредени банкарски трошоци, што може да послужи како пример и основа за дебата во земјава, вели гувернерот на Народна банка

Сиљановска-Давкова ќе ја посети изложбата „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“ во Братислава

На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, а куратор е Кирил Пенушлиски

Медицинскиот тим се поклони кон починатиот органодарител

Со длабока почит кон починатиот органодарител и со искрена благодарност до неговото семејство, медицинскиот тим оддаде чест на една од најхуманите одлуки што може да се донесе во миг исполнет со најдлабока болка и тага

To top