Македонија

Ѓорѓиевски и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство за локалните избори

Орце ја „води“ Каја со скоро 4:1

Орце Ѓорѓиевски има поголем рејтинг од првите четворица Кандидати за градоначалник на Град Скопје заедно. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има поголема доверба од Шукова, Мециновиќ, Бакиу и Марковски заедно (СДСМ, Левица, ДУИ и Независни заедно). Ова го посочува последната анкета на Институтот за политички истражувања Скопје, кој направи опсежна анкета за потребите на МРТ и ја  подготви анкетата за локалните избори, конкретно за случувањата околу трката за градоначалник на Град Скопје, а и целосната состојба во Скопје.

На прашањето, Која партија сметате дека ќе победи на претстојните локални избори, 42.6% од испитаниците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на локалните избори.

На прашањето во каква насока се движи градот Скопје, над 50.3% сметаат дека во моментов Скопје се движи во целосно погрешна насока.

На уште едно прашање во врска со состојбата во Град Скопје, дали во споредба со изминатите години животот во Скопје е подобар или полош, 38,2% од испитаниците се изјасниле дека е многу полош.

На прашањето за кој кандидат за градоначалник на Скопје ќе гласаат на локалните избори, 29.0% од испитаниците се изјасниле дека ќе гласаат за Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, додека пак 29.6% од испитаниците одговориле дека не знаат или се неопределени. За Каја Шукова од СДСМ 8.1%, Амар Мециновиќ од Левица се изјасниле 7.3%, 6.2% за Башким Бакиу 5.9%, за Горан Марковски 5.9%.

24,2% од испитаниците се изјасниле дека ќе гласаат за советничката група од ВМРО-ДПМНЕ, а 7.7% за СДСМ, додека пак за Левица кажале дека ќе гласаат 5.8% испитаници. За Граѓанската платформа Независни заедно  се изјасниле 2,2% испитаници.

Најнови вести од: Македонија

МВР ги истражува свирежите за македонската химна и националистичките испади на финалето Силекс-Шкендија и веењето странски знамиња на протестот во Скопје!

Исвиркувањето на државната химна на Република Македонија на вчерашното финале од Купот на Македонија помеѓу Силекс и Шкендија, како и националистичките скандирања и транспаренти, сега се цел на проверки на МВР. Од МВР истакнуваат дека се преземаат активности за утврдување на можни прекршувања на јавниот ред и мир.

После неколку банални изговори, СДСМ избега од дебата за буџетот, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, кој претседава со Комисијата за финансирање и буџет, го оцени повлекувањето на СДСМ од Комисијата како немање аргументи. Според Стојановски, СДСМ избегале од дебата, а демаскирани се и информациите што ги пласирале дека ќе дојде до крах на пензискиот систем, дека Буџетот нема да може да ги издржи покачувањата на платите.

Без стабилно финансирање нема суштински реформи во МРТ

На отворената седница на Програмскиот совет на МРТ, на која претставници на медиумската заедница и институциите разговараа за иднината на јавниот сервис, неговите развојни приоритети и потребата од суштински реформи, беше отворено и сериозно прашање поврзано со финансирањето на МРТ, Македонска радиодифузија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од страна на претставник на […]

(Фото): Колку внимаваат граѓаните кога купуваат нов стан?!

Комората на друштва за геодетски работи, во соработка со Стопанската комора на Македонија почна кампања со цел подигнување на јавната свест од важноста и значењето на уредувањето на сопственичките права на сопствениците на недвижен имот. Кампањата, насловена „Провери. Потврди. Поседувај. Твојот имот, твоја сигурност“, ќе биде исклучиво насочена кон постојните и идни сопственици на недвижен имот (граѓани и правни субејкти), со цел да се укаже на потребата од правилно и непречено користење на имотот, како и негово правилно управување, оттуѓување и купување.

To top