Свет

Украина ќе стане извозник на оружје од следната година

Украинскиот претседател објави дека неговата земја ќе започне со извоз на оружје следната година за да ја финансира одбраната од руска инвазија

 

 

„Благодарение на овој контролиран извоз, ќе продолжиме да произведуваме дронови за бојното поле“, рече Зеленски во синоќешната видео порака. Домашното производство на одредено оружје веќе ја надмина побарувачката, рече тој.

„Еден пример се поморските дронови, на кои светот смета и од кои имаме премногу, како и противтенковско оружје и некои други видови“, истакна Зеленски.

Сепак, приоритет ќе продолжи да биде испорака на оружје на фронтовските линии и надополнување на арсеналот на Украина.

Концепт за извоз ќе биде развиен во текот на следните две недели, при што ќе биде даден приоритет на извозот и соработката со Соединетите Држави.
Потоа ќе следат испораки до европските партнери, а потоа и други земји заинтересирани за украинско оружје кои досега го поддржуваа Киев.

„Украина нема да го дистрибуира своето оружје како „милостина“ на оние на кои не им е гајле за Украина“, рече Зеленски.

 

Најнови вести од: Свет

Володимир Зеленски ја обвини Европа дека чека насоки од Доналд Трамп

Украинскиот претседател вели дека Европа е во „режим на Гренланд“ и треба да знае како да се одбрани, наместо да чека САД да дејствуваат. Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа говор на Светски економски форум во Давос, во кој остро ги критикуваше европските лидери поради, како што рече, неодлучност, одолговлекување и потпирање на САД во клучни безбедносни прашања.

Бриселски медиуми: Трамп ги спаси европските лидери од донесување тешки одлуки, инаку никогаш немаше да се договорат!

Американскиот претседател Доналд Трамп им ја олесни работата на европските лидери на денешниот неформален Самит во Брисел, на кој веројатно никогаш немаше да постигнат договор за жесток одговор кон Вашингтон по заканите за воведување царини и за преземање на Гренланд, оценуваат медиумите во Брисел.

Кај Солун се снимал додека возел со 304 км/ч на пат со ограничување од 90 км/ч! (Видео)

Покрај тоа што возел пребрзо, возачот самиот го снимал маневрирањето, што значи дека го вози возилото само со една рака, што предивикува дополнителна опасност. Снимката направена на пат кај Солун заврши на ТикТок. Како што се очекуваше, видеото се рашири молневито, привлекувајќи го вниманието на полицијата, која брзо го пронајде прекршителот и на крајот го фати.

Пронајден починат македонски државјанин кој исчезна во Брисел пред 22 години

Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во Брисел му припаѓал на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, кој се води како исчезнат од 2003 година, соопшти белгиската Федерална полиција

Најнови вести

To top