Македонија

Заврши изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје , светата литургија ќе се одржи на 28. Септември

На 28 септември 2025 година, во центарот на Скопје ќе биде свечено осветен новиот православен храм посветен на светите цареви Константин и Елена, во присуство на верници и високи црковни достоинственици

На 28 септември 2025 година, во центарот на Скопје ќе биде свечено осветен новиот православен храм посветен на светите цареви Константин и Елена, во присуство на верници и високи црковни достоинственици. Чинот на осветување ќе го предводи Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со повеќе архијереи од Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Светата литургија ќе започне во 8:30 часот, а од МПЦ-ОА ги повикуваат верниците масовно да се приклучат на овој значаен духовен и историски настан.

Новиот храм, опишан како еден од највеличествените духовни објекти во Скопје, е посветен на светите Константин и Елена, чија мисија оставила траен печат во христијанската историја. Цар Константин, познат по легализацијата на христијанството со Миланскиот едикт во 313 година, и неговата мајка, света Елена, заслужна за пронаоѓањето на Чесниот крст, се симболи на верата и посветеноста. Храмот, чија изградба започна во 2021 година, е финансиран од донации и државни средства, а неговата архитектура комбинира традиционални православни елементи со модерни детали, што го прави ново обележје на главниот град.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Владата не се откажува од изградбата на дата-центри

Владата не се откажува од идејата за изградба на дата-центри, затоа што светот и човештвото одат во таа насока и тој процес е неповратен, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој потенцира дека Владата не добила никаков допис од ЕУ дека се откажуваат од финансирањето и давањето грант за изградба на националниот дата-центар. Ако пристигне такво нешто, додаде, тогаш ќе може да го коментираме тоа.

Рокас: Лаен набргу во посета на регионот, за која се надевам дека ќе биде одлучувачка за евроинтеграцијата на земјата

Евроамбасадорот Михалис Рокас најави дека набргу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба да го посети регионот и се надева оти нејзината посета ќе биде одлучувачки чекор кон почнување на пристапните преговори на земјата со Европската Унија.

Николоски: Градиме денес, за да оставиме посилна држава за идните поколенија!

Во 21 век напредуваат само државите што инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти, напиша на својот фејсбук-профил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

To top