Македонија

Портпаролот на мафијата Османи ја крие паниката во ДУИ – реакција од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно порачува: единствените „емисари“ што ги праќаме се оние кои ја носат пораката на народот, а тоа е одговорност за криминалниот картел ДУИ-СДСМ

Емисари од ВМРО-ДПМНЕ до ДУИ не постојат, реагира партијата.

„Повод за оваа реакција е синоќешното излагање на Бујар Османи во Чаир, во кое тој изнесе измислици за наводни емисари од ВМРО-ДПМНЕ и сценарија што постојат само во неговата фантазија. Со вакви изјави, Османи се обидува да ја прикрие паниката во која се наоѓаат ДУИ и СДСМ пред сигурниот изборен пораз. Ситните трикови на грофот од Зајас не минуваат ниту во детска градинка“, соопшти партијата.

ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно порачува: единствените „емисари“ што ги праќаме се оние кои ја носат пораката на народот, а тоа е одговорност за криминалниот картел ДУИ-СДСМ, се додава во соопштението.

„Одговорност за Али, Заев, Филипче, Груби и Османи. Токму на локалните избори овие две структури конечно и формално ќе завршат таму каде што одамна им е местото, на буништето на историјата. Бујар Османи денес е ништо друго освен последниот портпарол на криминалниот картел кој граѓаните го препознаа. Но, неговата одбрана е залудна. Нема повеќе политичко мешетарење, нема пазари зад грбот на народот. Во октомври ќе има јасна пресуда, пресуда на граѓаните кои ќе ги испратат картелот на СДСМ и ДУИ во политичка пензија, а правдата ќе биде задоволена. Зошто таа има име и презиме, а одговорноста мора да се испорача“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи синоќа рече дека изјавите на премиерот Христијан Мицкоски и неговите коалициски партнери дека ќе нема предвремени парламентарни избори знак на страв од сознанието дека се соочуваат со изборен пораз.

– Она што најмногу ми пречи е што премиерот продолжува со двојни пораки. Едни пред јавноста, други – испратени преку емисари. И тоа со пораки до нас, дека треба да се подготвиме за реконструкција на владата по изборите. Му порачуваме, и преку емисари, и јавно, дека Албанците не се монета за поткупување. Премиерот полека ја поминува црвената линија.Не знам дали е свесен кој нерв го допира кај Албанците, но јасно е дека допре до сржта на револтот и достоинството на луѓето – рече Османи.

Веднаш по овие избори, победниците кај Албанците ќе седнат и ќе преговараат за заедничко владеење, со цел да се откочат европските процеси и да се врати животот и економскиот просперитет, додаде Османи.

Најнови вести од: Македонија

Вашиот таблет, ваш контролен центар: Како со Samsung Galaxy Tab S11 Ultra и апликацијата SmartThings да воведете ред во хаосот на модерното живеење

Веќе е 7:30 часот наутро. Доцните. Кафето сѐ уште не е готово. Вашето дете плаче затоа што таблетот закочил, а светлата во собата ве заслепуваат бидејќи некој заборавил да ги изгасне вчера вечер. Ако ова ви звучи познато, добредојдовте во хаосот на модерното секојдневие.

“Самсунг“(Samsung) ги поврзува спортистите и фановите со моментите од Милано Кортина 2026 преку мобилна иновација

Од овозможување на динамични перспективи на церемонијата за отворање на игрите до поддршка на оперативниот дел за време на активностите, “Samsung“ помага за Светските Олимписки и Параолимписки Игри носејќи ги спортистите, фановите и заедниците поблиску до игрите

Од говор на омраза до истрага: Обвинителството ќе постапува за заканите по видео-то за Амбасадата на Бугарија

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното обвинителство на Република Македонија, оформи предмет по допрен глас за утврдување на идентитетот и испитување на кривична одговорност кај повеќе лица кои преку коментари на социјалната мрежа Фејсбук упатиле сериозни закани кон новинарот и уредник во Канал 5 Телевизија – Александар Видиновски.

АВМУ со реакција за заканите кон новинарот Александар Видиновски

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува сериозна загриженост за нападите, омаловажувањата и смртните закани упатени кон новинарот на Канал 5 Телевизија, Александар Видиновски, по неговата објава на социјалните мрежи во врска со непрописно паркирани возила на тротоарот пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Обвинителството отвори истрага за транспортот на мозоци од починати лица од Македонија во САД

Јавното обвинителство на Република Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради наводите од објавените документи во случајот за Џефри Епштајн кои упатуваат дека примероци од мозоци на починати лица од земјава наводно биле транспортирани за научно-истражувачки цели во САД.

„И Европската Унија не е невина во она што се случува со нас“, вели Сиљановска-Давкова

Европеизацијата не е статус, туку процес што се темели на реформи, а Македонија со години ја губи суштината фокусирајќи се на формални уставни измени наместо на Копенхашките критериуми и владеењето на правото, вели претседателката на Македонија во интервју за МКД.Мк

To top