Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Данела треба да научи дека неможе да користи услуги без да ги плати

ВМРО-ДПМНЕ упатува сериозни обвинувања против градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и нејзината соработка со СДСМ и ДУИ. Според партијата, поради неспособноста на Арсовска и неизвршувањето на финансиските обврски, главниот град повторно е пред ризик да остане без функционален јавен превоз.

„Данела Арсовска треба да научи дека не може да користи услуги без да ги плати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, укажувајќи дека компанијата „Пуцко Петрол“, која ја поврзуваат со ДУИ – коалициски партнер на Арсовска – е вмешана во случај за кој, според нив, веќе е изречен притвор.

Од партијата тврдат дека „менторите“ на Арсовска, судии блиски до СДСМ и ДУИ, помогнале да се спречи подлабока истрага, притоа истакнувајќи дека „против Пуцко Петрол има постапка за која тој ќе одговара“.

Понатаму, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла, како што ги нарекуваат, „детските досетки“ на Арсовска, повикувајќи ја да престане да создава нестабилност и да почне да ги подмирува своите финансиски обврски, наместо да предизвикува кризи со поддршка од сојузниците во ДУИ и СДСМ.

Партијата предупредува дека таквите постапки можат да доведат до целосен прекин на јавниот превоз во Скопје.

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top