Свет

Санкции за Македонија бара бугарски бивш политичар

Поранешниот пратеник во бугарското собрание, Велизар Енчев, смета дека било време Бугарија да воведе санкции за Македонија, пишува на Фејсбук „По демонстративните тужби против Бугарите во Р*Македонија и по официјалните тврдења на премиерот Христијан Мицкоски за малцинствата, Софија мора да посегне по оваа екстремна мерка. Македонскиот премиер Христијан Мицкоски и владата во Македонија демонстрираат систематско […]

Поранешниот пратеник во бугарското собрание, Велизар Енчев, смета дека било време Бугарија да воведе санкции за Македонија, пишува на Фејсбук

„По демонстративните тужби против Бугарите во Р*Македонија и по официјалните тврдења на премиерот Христијан Мицкоски за малцинствата, Софија мора да посегне по оваа екстремна мерка. Македонскиот премиер Христијан Мицкоски и владата во Македонија демонстрираат систематско непријателство кон Бугарија, европските принципи и човековите права. Одбивањето да се вклучат Бугарите во македонскиот Устав – јасна обврска во преговарачката рамка со ЕУ, е очигледно кршење на добрососедството.

Уште повеќе – тврдењата за „македонско малцинство“ во Бугарија се директно мешање во нашите внатрешни работи, а политички мотивираните гонења против Бугарите во Република Северна Македонија се груба форма на етничка дискриминација“, пишува Енчев, пренесува Плусинфо.

„Бугарија е должна да одговори на систематското газење на човековите права на Бугарите во РС Македонија, но не со празни дипломатски изјави, туку со целни санкции, додава тој и предлага:
1. Финансиски санкции:
– Замрзнување на средствата на лица од Македонската влада, членови на владејачката коалиција и магистрати кои учествувале во репресија против Бугарите.
–  Забрана за пристап до бугарскиот банкарски систем за овластени лица и нивните бизниси.
2. Економски мерки:
– Суспендирање на сите билатерални трговски преференции, вклучително и во областите на енергетиката и инфраструктурата.
– Прекинување на учеството на македонските компании во бугарските јавни набавки и аукции финансирани од јавни средства.

3. Транспорт и логистика:
– Преглед на прекугранични инфраструктурни проекти, вклучително и изградба на патни и железнички врски, сè додека Македонија не покаже вистинска промена во својата политика.
– Откажување на објектите за гранична контрола усвоени во рамките на добрососедските односи.

4. Политичка блокада во ЕУ:
– Целосно блокирање на какво било движење според Преговорната рамка на РСМ со ЕУ.
– Иницирање на заеднички став со другите земји-членки за систематско кршење на правата на малцинствата во РСМ, со цел прашањето да се постави на ниво на Европскиот совет“, набројува Енчев.

Бугарија има право на глас во ЕУ и мора да го искористи, додава тој.

 

Најнови вести од: Свет

Кина го проби „вештачкото сонце“ и ги надмина границите на фузијата

Кинескиот експериментален токамак EAST, познат како „вештачко сонце“, постигна важен пробив во истражувањата на нуклеарната фузија: научниците успеаја да ја одржат плазмата стабилна при екстремно високи густини, надминувајќи ја т.н. Гринвалдова граница – една од клучните пречки за комерцијална фузија.

Бројот на мртви во Иран се мери во илјадници, се користи сила без преседан, тврди Би-Би-Си

Американската новинска агенција Human Rights Activists News Agency (HRANA), која повеќе од 20 години ги следи протестите во Иран, наведува дека се убиени најмалку 2.000 луѓе, од кои 1.850 демонстранти. Претставници на агенцијата вчера изјавија дека дотогаш идентификувале околу 500 жртви и додадоа дека се уапсени повеќе од 16.000 демонстранти.

To top