Македонија

Гостиварска Апелација ја потврди срамната пресуда од две години затвор за прегазувањето на Теодора

Реакција од семејството

Семејството на Теодора Ристовска, со длабока болка и бес ја известува јавноста дека Апелациониот суд во Гостивар ја потврди пресудата на Основниот суд во Тетово, со која обвинетиот Менсур Пајазити од с. Голема Речица е прогласен за виновен и осуден на само две години затвор за кривичното дело што го одзеде животот на нивната ќерка и сестра.

-Оваа пресуда е срам за правдата. Животот на Теодора згасна, а казната изгледа како подбив. Наместо вистинска правда, добивме минимализирање на трагедијата која нè скрши.
Обвинетиот во жалбата се повикува на интересот на јавноста и на владејачката партија како фактор за “превисоката” казна, но тој интерес е многу природен — затоа што кога млад живот е згаснат, секој е потресен. Ако судството не беше труло и корумпирано, никому немаше да му пречи овој интерес. Наместо правда што ќе донесе мир, добиваме систем кој со својата блага и селективна казна создава уште поголема недоверба и омраза, велат од семејството на Теодора.

Тие велат дека не бараат привилегии, бараат човечност и фер однос — она што му припаѓа на секој граѓанин.

-Кога казната е непропорционална со загубата, виновен станува не само сторителот, туку и самиот систем. Го гледаме осудениот како слободно се движи, дури повторно седнува зад воланот, без видливо чувство на вина. За нас, тоа е брутална навреда за сеќавањето на Теодора и за секој кој знае што значи да изгубиш дете, сестра или најблиска личност. И покрај тоа што понатамошниот правен пат до Врховниот суд зависи од Јавното обвинителство, ние нема да молчиме. Ќе продолжиме да бараме одговорност и да сведочиме пред јавноста дека оваа неправда не смее да остане без последици. Трагедијата на Теодора ќе остане наша вечна болка. Но срамот на оваа пресуда му припаѓа на правосудниот систем. Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва. Правдата мора да биде видлива, опиплива и вистинска. Животот на Теодора не е бројка во досие — тоа е нашата вечна рана. И нема да престанеме да бараме правда, за да покажеме дека жртвите не се оставени сами. Со почит и болка, семејството на Теодора Ристовска, велат тие.

Најнови вести од: Македонија

Време е Карпош да добие нова енергија, посветеност и одговорност, порача премиерот

Карпош ќе ја има мојата поддршка, и заедно Владата и општината, додаде ќе направат многу работи заедно, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на промоцијата на Лукроски за кандидат за градоначалник на општина Карпош.

„Лазо Ангеловски“ доби систем за следење на потрошувачката на енергија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денес го посети основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром, каде што веќе се инсталирани и успешно функционираат современи системи за паметно мерење и управување со потрошувачката на електрична енергија – дел од иницијативата што започна со потпишаниот Меморандум за соработка со Македонски Телеком. На посетата присуствуваа министерката […]

Град Скопје со кривична пријава кон „Комунална хигиена“ оти не го собира ѓубрето

Проблемот со отпадот во Скопје не е само сега, тој се провлекува со години наназад, а дел од општините преку разни активности со свои капацитети се обидуваа колку толку да исчистати покрај тоа што граѓаните редовно плаќаат за оваа услуга.

To top