Македонија

Барање за извинување и објавување на демант од директорката на МСУ која организирала промоција на дела на убиецот Илија Стефановски

Екс директорката вели дека за директорка не била избрана како партиски кадар на СДСМ туку на јавен конкурс

Согласно доставен допис expres.mk објавува барање за извинување и објава на демант од Мира Гакина Ивановска екс директорка на Музејот на современа уметност која на 15 Мај 2021 година организирала настан на кој се промовирале дела на убиецот на Росица и нејзиниот татко од страна на Илија Стефановски.

,,Како полномошник на Мира Гакина Ивановска, во прилог доставувам Барање за извинување и објавување на демант, во врска со објавениот текст на веб порталот expres.mk, на ден 18.09.2025 година, со наслов: „Убиецот на Росица бил промовиран од Музејот на современа уметност Скопје“, пишува во барањето адвокатот Александра Гавриловска.

Согласно законот expres.mk го објавува барањето со приложениот текст и ѝ се извинува на Мира Гакина Ивановска за нанесената штета на честа и угледот.

Во демантот се вели дека екс директорката не била информирана за насилната страна на човекот кому му дозволила да промовира свои дела во објектот на МСУ.

Екс директорката преку нејзината адвокатка вели дека пред промоција на делата на убиецот Стефановски немало пријави ниту јавно предупредување за неговото насилство кон девојки.

Според демантот директорката немала обврска да се занимава со карактерот и приватниот живот на Стефановски кој според текстот дотогаш функционирал нормално во сите сегменти на општественото живеење.

Во текстот се вели дека и доколку знаела за обвинение за насилството на убиецот тоа не било доволно да не се промовираат негови дела затоа што со институтот Презумпција на невиност секој човек кој не е правосилно осуден може да учествува во јавниот живот.

Според оштетената, невистинита е и информацијата дека уметнички кругови блиски на МСУ имале инфорамции за насилството на Стефановски.

На крајот во демантот се тврди дека не е точна ниту информацијата дека Гакина на позицијата директорка на МСУ била поставена како кадар на СДСМ. Според демантот Гакина Ивановска која беше поставен за директорка од тогашниот министер за култура од СДСМ не била избрана како партиски кадар туку на јавен конкурс.

Во продолжение согласно законот барањето го објавуваме во целост на соодветен начин како што беше објавен и споменатиот текст.

Најнови вести од: Македонија

Петрушевски: Со шверцот на марихуана на „црниот пазар“ Заев и Филипче ја направија Македонија „Колумбија на Балканот“!

„Каде е менторот Зоран Заев, таму е и чиракот Венко Филипче, кој дословно го учи занаетот од него. Каде има криминал, корупција, па и производство и шверц на дрога, таму е и Заев. Бизнисот со марихуана, кој наместо за медицински цели, завршувал на црниот наркопазар, поминувал со аминување на Заев и Филипче. Со ова Македонија ја направија ‘Колумбија на Балканот’.“ – нагласува Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од ВМРО ДПМНЕ, во денешното обраќање до јавноста.

Дурловски против Фрчковски: Секој обид за „висока мисла“ за Заев завршува како пародија

Оперскиот уметник и јавен коментатор Игор Дурловски со остра реакција на социјалните мрежи го критикуваше јавниот дискурс поврзан со поранешниот премиер Зоран Заев, посочувајќи дека станува збор за длабока морална и интелектуална празнина во која, како што наведува, секој обид за „висока мисла“ завршува како пародија.

ALTA Банка овозможи SEPA кредитни трансфери

Од денес, АЛТА банка АД Битола официјално овозможи извршување и прием на SEPA кредитни трансфери, со што на своите клиенти им нуди побрзи, поекономични и стандардизирани плаќања во евра кон и од земјите членки на Единствената област за плаќања во евра (SEPA).

350 планинари го искачија Клепа во чест на Калина и Александар

Искачувањето традиционално беше посветено на прерано загинатите планинари Калина Велеска и Александра Миновски, кои учествуваа на првото издание на манифестацијата, а на 10 февруари 2018 година трагично го загубија животот при искачување на врвот Кајмакчалан.

To top