Македонија

Над 40 лица уапсени за една недела за дрога

Двајца малолетници

Во рамки на тековните оперативни активности од областа на сузбивање на недозволената трговија со дрога, полициски службеници од различни полициски организациони единици во текот на изминатата недела, во десетина различни случаи лишија од слобода вкупно 40 лица, како и двајца малолетници, кај кои што при извршени лични прегледи и прегледи на возила, биле откриени и запленети марихуана и бела грутчеста и прашкаста материја, соопштија од МВР.

„Исто така, врз основ на извршени претреси по претходно добиени Судски наредби во текот на минатата седмица, во четири одвоени случаи покрај откривањето и заплената на одредени количини марихуана, кокаин, стебла од канабис сатива, семки од канабис, дробилки, дигитални ваги, беа приведени и пет лица како осомничени за сторено кривично дело по член 215 од КЗ“, стои во соопштението.

Воедно на граничниот премин Табановце минатата недела при влез во земјава, во два одвоени случаи – во првиот кај белгиски државјанин а во вториот кај германски државјанин – беа исто така откриени марихуана, семки од канабис како и бела прашкаста материја и кафена грутчеста материја, велат од МВР.

Најнови вести од: Македонија

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

Мицкоски: Во судството има измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ

Говорејќи за правосудството во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека таму, покрај огромното мнозинство чесни луѓе, постои и измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ.

To top