Македонија

Ждрепка во ДИК: ВМРО-ДПМНЕ ќе биде број 9 на избирачкото ливче, СДСМ број 5

Падна одлука кој на кое место ќе биде

Државната изборна комисија (ДИК) денеска одржа седница на која преку ждрепка се утврди единствена листа на кандидати за Локалните избори 2025.

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на избирачкото ливче на локалните избори ќе биде под број 9, додека опозициската СДСМ е со број 5.

Ова е листата со редни броеви под кои ќе се најдат партиските кандидати за градоначалници на претстојните локални избори:

1.Искуство за успех

2. ЗНАМ

3. Демократска партија на Србите

4. Национална Алијанса за интеграција НАИ-ДУИ

5. Коалиција за локални избори 2025 – СДСМ

6. Левица

7. Коалиција Влен

8. Коалиција за Зелена иднина

9. Коалиција „Твоја Македонија“  – ВМРО-ДПМНЕ

10. Демократска партија на Ромите

11. Сојуз на Ромите

12. Единствена Македонија

13. Партија на пензионери

14. Демократска партија на Турците на Македонија – ДПТМ

15. Партија за движење на Турците во Македонија

16. Српска странка во Македонија

17. Унија на Роми

18. Бошњачки демократски сојуз

19. Демократски сојуз

20. Работничка партија

21. ВМРО Народна партија

22. Македонски концепт –  Мконцепт

23. Движење за национално единство на Турците

24. Демократски сили на Ромите

25. Политичка партија граѓанска иницијатива Грин 

26. Партија за обединети демократи – ПОДЕМ

27. Твоја партија

28. Македонска акција – МАК

29. Демократи Скопје

30. Родина Македонија

31. Политичка партија Десница

32. Македонска ера трета, македонска независна листа суверинисти

33. Трајно македонско радикално обединување

Изборната кампања за изборите започнува в понеделник на 29 септември а завршува на 17 октомври односно 24 часа пред изборите. Граѓаните ќе избираат градоначалници и совети на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи на 2 ноември.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

To top