Македонија

Клуч на врата на Факултетот за бизнис економија – работел на црно

Факултетот за бизнис економија во Скопје е дислоциран од зградата каде што држеше настава. Веб страницата на Факултетот постои, но освен насловната страна, ниту еден друг линк не работи. Поради тоа не може ниту да се провери кој се предавал во овој факултет.

Клуч на врата на факултетот за бизнис и економија. По направена контрола во приватната високообразовна институција, утврдени се еден куп неправилности. Министерството за образование и наука по завршување на локалните избори ќе продолжи со контроли во високообразовните установи, најавиресорната министерка Весна Јаневска. Таа за затворањето на приватната висока стручна школа – Факултет за бизнис економија во Скопје, рече дека увидот покажал неправилности.

  • МОН формираше комисии кои прават увид во работењето на високообразовните институции, со цел подигање на квалитетот на високото образование. Направен е увид и во оваа институција, каде се утврдени бројни неправилности, од кадар, опременост. Им дадовме еден месец рок да ги поправат тие неправилности, но, бидејќи воопшто не изреагираа, а дополнително ги изгубија и просторните можности, се обративме до Агенцијата за квалитет во високо образование, која потврди дека овој т.н факултет е нефункционален. Според законот, ние вчера издадовме решение за привремен престанок на работа на оваа високо образовна установа – појасни Јаневска.

Таа посочи дека досега се затворени 14 приватни научни институти, а ова е првата високо образовна приватна установа која нема повеќе да работи.

  • Се надевам дека по урнекот на приватните универзитети и дел од високо образовните установи кои навистина не ги исполнуваа условите, самите ќе пристапат кон процес на затворање, ако не ние ќе ги затвориме – изјави Јаневска.

МОН информираше дека поради констатирани нерегуларности во работењето и непостапување по задолжение за нивно отстранување била донесена одлука за привремено запирање на работата на приватната висока стручна школа – Факултет за бизнис економија во Скопје.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top