Македонија

Опозицијата манипулира со емоциите на граѓаните: Во Собрание 15 месеци ги блокира реформите во правосудството, вели Лефков

Гостување на пратеникот Миле Лефков

Миле Лефков, пратеник во Собранието и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата „За или против” на телевизија Алфа. Тој зборуваше на темата за правосудството во земјава и истакна дека граѓаните имаат јасен и цврст став, а ги спомена и истражувањата на „Транспаренси интернешнл” кои покажуваат дека корупцијата не се манифестира само во големите случаи, кои се и медиумски експонирани туку и во секојдневните постапки во основните судови, каде ја чувствуваат неправдата.

Лефков додаде дека СДСM со години ги блокира промените во правосудниот систем, и јак користи политиката како алатка за манипулација со човечката болка.

Кога се обидувате класичен демиџ менаџмент, кога се обидувате да ја намалите штетата, само ќе најдете еден да одговара и притоа и одговорноста ќе ја сведат на минимум. За таков скандал имате условни казни. Прашањето е: Зошто служат казните во Македонија? – кажа Лефков и додаде:

– Оценската мисија има 40 препораки за Судскиот совет. Една од нив е намалување на нивниот мандат. Препораките на ГРЕКО, тоа е здружение на земји членки на Советот на Европа, коишто се за борба против корупцијата. Препораките предвидуваат заострување на казните и во Законот за спречување на корупција и судир на интереси и на казните во Кривичниот законик коишто се однесуваат за злоупотреба на службена положба.

Лефков истакна дека ставот на граѓаните во Македонија за правосудството е јасен и додаде дека граѓаните можат да перцепираат длабоки проблеми со корупцијата. Тој ги потенцираше истражувањата на „Транспаренси интернешнл”, за кои кажа дека покажуваат дека проблемот е системски и се протега од највисоките нивоа до најобичните предмети.

– Македонските граѓани се добро се запознаени со македонското судство. Има истражувања, како што е на пример на ,,Транспаренси интернешнл”, коишто се впуштаат во подетална анализа и зборуваат за корупција во имотни спорови, во граѓански судови, во основни судови и корупцијата ја разложуваат до наједноставните и најсекојдневните судски случаи коишто ни се случуваат. Нашите граѓани преку лично искуство ги знаат оние капиларни проблеми коишто секојдневно ги гледаат и ги перципираат како неправда, сè до овие големи случаи коишто нормално ги следат на медиумите – вели Лефков.

Според него, опозициската СДСM наместо да се посвети на вистинските реформи во судството и на прашања од јавен интерес, во изминатите 15 месеци спроведува политика базирана на замена на тези и манипулација со емоциите на граѓаните, а притоа не се занимава со темите кои се од јавен интерес.

– На врвот на сето тоа ја имаме лицемерната СДСM, која што ги спречува реформите во судството, а притоа во сите свои објави до сега во 15 месеци не прави ништо друго, туку игра само со емоциите на граѓаните. Нема професионалност во ниту една објава, секогаш има замена на тези и секогаш има игра или експлоатација на човечка болка. Тоа не е политика, тоа не е начин да се води политика. Ако барем малку ја научија лекцијата, ќе имавме барем опозиција којашто ќе имаше барем некое корисно решение или некој корисен предлог во насока на подобрување на овие процеси – заклучи Лефков.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top