Свет

Трамп: Блиску сме до договор за крај на војната во Газа

„Мислам дека тоа е договор што ќе ги врати заложниците. Тоа ќе биде договор што ќе ја заврши војната“, истакна американскиот претседател.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека верува оти е близу до постигнување договор за крај на војната во Газа, пренесува Ројтерс. Како што им изјави на новинарите на излегување од Белата куќа, договорот за враќање на израелските заложници е близу.

  • Изгледа дека имаме договор за Газа. Мислам дека тоа е договор кој ќе ги врати заложниците дома и ќе стави крај на војната, изјави Трамп, без да открие повеќе детали.

САД претходно претставија мировен план со 21 точка за Блискиот Исток, чија цел е да се стави крај на речиси двегодишниот конфликт меѓу Израел и Хамас. Планот беше објавен во време на општополитичките дебати на 80. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк, на кои учествуваа светските лидери.

Предлогот во вторник бил доставен до Саудиска Арабија, ОАЕ, Катар, Египет, Јордан, Турција, Индонезија и Пакистан, соопшти специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф.

Трамп, кој останува најцврст сојузник на Израел на меѓународната сцена, денеска изјави дека разговарал со претставници на блискоисточните земји, како и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Најнови вести од: Свет

Ирска невладина организација ја „фати“ Европската комисија дека користи ChatGPT за официјални одговори

Ирската невладина организација Ирски совет за граѓански слободи (ICCL) поднесе жалба до Европскиот омбудсман, обвинувајќи ја Европската комисија дека користи генеративна вештачка интелигенција, како ChatGPT, за изработка на официјални одговори на барања за пристап до документи, што според нив претставува кршење на сопствените интерни упатства и обврските според европските договори.

Фон дер Лајен: Младите луѓе од Европа сакаат да живеат во една Европска Унија

Проширувањето е патување што е важно за сите нас, бидејќи сите ги споделуваме истиот континент, историја, култура и предизвици, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во видео обраќање на „Форумот за проширување на ЕУ 2025: Заокружување на Унијата, обезбедување на нашата иднина“ што се одржува денеска во Брисел.

ФСБ спречи атентат врз Шојгу: Експлозив во вазна на гробиштата во Москва

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека спречила терористички напад насочен кон висок руски функционер, планиран на гробиштата „Троекуровски“ во Москва, каде што тој требало да ги посети гробовите на своите блиски роднини.

To top