Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со одговор до „врапчето“ Ахмети

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ упати жестока критика кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ упати жестока критика кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и неговата партија, обвинувајќи ги за криминал, корупција и политички манипулации. Според ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не е партија на „орли“, туку на „врапчиња“, а граѓаните, вклучително и Албанците, на претстојните избори ќе им пресудат за нивното владеење.

„Имаме порака до Али Ахмети: не си ти орел, туку обично врапче. А во суштина, ни вие не сте орли, туку криминални и корумпирани страчки. Најгласни се токму најуплашените“, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата потсети на минати настани, тврдејќи дека ДУИ со години функционира преку притисоци, тендери и политички пазарења. „Сите знаат како Груби и Ахмети го ‘предомислија’ Заев пред две години. Со што го предомислија? Епа, така функционира ДУИ и за тоа се врвни експерти. Денеска пак гледаме како се прават пазарења со Таравари, било за паркинг, било за други интереси. Тоа е нивниот начин на владеење – преку тендери и корупција“, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека довербата во Ахмети и ДУИ кај граѓаните, особено кај Албанците, е значително намалена. „На Албанците одамна им е преку глава од Ахмети, а тоа ќе го покажат на следните избори – заедно со Македонците, сите сложно. ДУИ ќе ги изгуби речиси сите општини во земјата. По изборите очекуваме врапчињата да носат писма со понуди за коалиција, со бланко ветувања дека ќе се реформираат. Секако дека ќе се насмееме на тие понуди“, порачаа од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Ахмети пред избори често прибегнува кон закани и патетични настапи. „Наместо да оди во пензија – не му здосади дваесет години власт? Убава е власта кога се купува Соравија, се возат џипови, се отвораат бизниси во енергетика и градежништво. Но секогаш кога ќе се најават избори, Ахмети почнува да зборува за крв, оружје и орли. Освен што е патетично, тоа е и смешно“, заклучија од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Му го одзеле возилото, возел без возачка и под дејство на алкохол во Неготино

Неготинец бил лишен од слобода и му било одземено возилото, откако полицијата денеска констатирала дека возел под дејство на алкохол и без возачка дозвола. – Денеска во 1:20 часот, на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода А.С., […]

СЕММ повикува на одговорно известување за протестите поврзани со „Safe City“

Советот за етика во медиумите потсетува дека протестите и чувствителните теми бараат сеопфатен контекст, внимателен јазик и избегнување генерализации што можат да поттикнат поларизација

To top