Македонија

Движење ЗНАМ: Филипче и Заев се срам за сите чесни членови на СДСМ

Од ЗНАМ му порачаа на Филпче дека вистината не може да се сокрие со зборови

Angel Angelovski photo

Венко Филипче денеска ја покажа најголемата вистина за себе – стравот. Стравот од моќта на ЗНАМ. Стравот од тоа што граѓаните ја препознаваат искреноста, доследноста и борбата на нашето Движење. Денес, истиот тој човек кој цело лето го помина на луксузни јахти и
крстарења низ Медитеранот, се осмелува да зборува за чесност и да повикува на враќање во СДСМ. Тоа е навреда за сите чесни членови на СДСМ и лицемерие од највисок степен, се наведува во реакцијата на Движенето ЗНАМ отако денеска на конвенцијата на СДСМ лидерот на партијата, Венко Филипче рече дека ЗНАМ ги изневери луѓето кои сакале промена и ги повика да се вратат „дома“.

Од ЗНАМ му порачаа на Филпче дека вистината не може да се сокрие со зборови.

„Твоето владеење беше синоним за криминал и злоупотреби – од скандалозни тендери и провизии во здравството, до неспроведени и нетранспарентни проекти како Клиничкиот центар, кој заврши во коруптивен мрак. Ти си човекот кој ја користеше функцијата за лична корист, а јавноста долго време го гледаше тоа преку сомнителните набавки, скандалозните договори и милионските тендери. Златната виза што ја стекна е јасен симбол на твојата алчност и на распродажбата на македонските интереси. Јавноста заслужува одговори од твоја страна за тоа како и зошто доби привилегија која отвори врата за сомнителни бизнис и странски инвестиции на сметка на државата!“, се наведува во реакцијата.

Од Движење ЗНАМ велат дека се партија, партнер во власта, која функционира како вистински коректор- со визија, со програми, со конкретни решенија и со чесни политики кои го ставаат граѓанинот на прво место.

„Ние не менуваме имиња, туку предводиме реформи, ги разбираме проблемите на граѓаните, ги корегираме системските пропусти и носиме решенија. Нашите политики се чесни, транспарентни и одговорни. На претстојните локалните избори не те очекува само пораз, ќе доживееш невиден политички дебакл, заслужена пресуда од народот за сите афери, за сите сомнежи и за секоја распродадена надеж!“, се наведува во реакцијата на Движењето ЗНАМ.

Лидерот СДСМ, Венко Филипче денеска на конвенцијата на која беа претставени кандидатите за градоначалници и советници, рече дека ЗНАМ ги изневери луѓето кои сакале промена и ги повика да се вратат „дома“.

„Сакам да им порачам нешто што повеќето од нив го знаат и чувствуваат. ЗНАМ длабоко ве изневери. Наместо борба и коректори на власта, станаа декор во Владата за лични интереси. Молчат и одработуваат. Наместо отпор, покажаа целосна сервилност кон ВМРО-ДПМНЕ. Затоа сакам јасно да ви кажам, вие не сте го изневериле СДСМ, ЗНАМ ве изневери вас. Вашиот протестен глас го разбирам, но ве повикувам да се вратите дома“, рече Филипче.

Тој потенцираше дека „лагите на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски и неколкумина, заради лични интереси, го искористија и злоупотребија гласот на оние кои сакаат искрени промени во СДСМ, но наместо коректори на политиките гласовите го вратија стариот познат режим на ВМРО-ДПМНЕ“.

„Вашиот протестен глас, без ваша намера, помогна токму ВМРО да се врати на власт. Сите го чувствуваме тоа денес. Се вратија партизацијата, стравот, неспособноста. Сега веќе е јасно дека нема трети патишта. Или има силна опозиција, или ВМРО ќе владее без контрола, со поделени луѓе кои веруваат во социјалдемократската идеја“, кажа Филипче на конвенцијата.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top