Македонија

36 поднесени кривични пријави до сега во врска со пожарите, над 60 уапсени

Додека трае забраната за движење во шуми

Министерството за внатрешни работи ве известува дека од 01.04.2025 до 29.09.2025 година, регистрирани се вкупно 2.080 пожари на отворен простор, при што приведени се вкупно 60 лица, а по преземени мерки поднесени се 36 кривични пријави.

Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на случаите и откривање на нивна евентуална меѓусебна поврзаност.

Воедно ве известуваме дека од 01.07.2025 година, откако е воведена забрана за движење во шуми, до 29.09.2025 без писмено одобрение за движење во шума, биле затекнати 27 лица. Против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по Закон за шуми, “ велат од МВР.

Во насока на рана превенција од пожари, полициските служби употребуваат дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата.

Со воведувањето на овие оперативни мерки зголемена е ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, како и детектирањето на можните причини или причинители на истите.

Најнови вести од: Македонија

Нелегално се продавале пиротехнички средства на Бит Пазар, цела роба е одземена

Полициски службеници од СВР Скопје-ЕВР Центар и Бит Пазар во Скопје, на влезот на Бит Пазар, пронајдоа 7107 парчиња пиротехнички средства, кои биле поставени на три импровизирани тезги…

Таналари: Дали меѓународниот чинител е рамнодушен кон уставните промени, или има стратегија за помек притисок и јасни очекувања за реформи?

„Релативната тишина од страна на меѓународната заедница во врска со уставните промени создаде простор за расправа на домашната политичка сцена. Некои политичари го толкуваат тоа како знак дека меѓународната заедница не сака да се меша во толку чувствително домашно прашање. Други веруваат дека станува збор за нова стратегија: помек притисок, но со јасни очекувања за реформи.“ – наведува во својата колумна Африм Таналари, новинар во Албанската редакција на Радио Скопје.

To top