Хроника

Деветмина возачи лишени од слобода, сите деветмина без возачка дозвола!

Двајца од нив се малолетници, двајца претходно учествувале во сообраќајна незгода, а еден возел под дејство на алкохол

Несекојдневен биланс на прекршоци во сообраќајот на целата територија на државата донесе последното деноноќие, во кое деветмина возачи беа лишени од слобода за безобѕирно управување возило, сите деветмина без возачка довола, од кои двајца малолетници и еден под дејство на алкохол.

„По две лица во Скопје и во Прилеп и по едно во Кочани, Гевгелија, Кратово, Македонски Брод (малолетник) и Кривогаштани (малолетник) возеле без дозвола. Лицето во Кратово претходно учествувало во сообраќајна незгода, како и едно од лицата во Прилеп, кое воедно било и под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

 

Најнови вести од: Хроника

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

To top