Регион

Пријава за бомба на имотот на Милорад Додик

Портпаролката на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, Мирна Миљановиќ, потврди дека е завршен увидот на целиот имот на поранешниот претседател Милорад Додик и дека увидот потврдил дека станува збор за лажна пријава за бомба.

Окружното обвинителство во Бања Лука е известено за целиот инцидент, кое го квалификува случајот како лажна пријава за кривично дело.

Следи понатамошна работа на полициските службеници, изјави Миљановиќ.

Утрово беше пријавена бомба на имотот на поранешниот претседател на Република Српска Милорад Додик. Некое време претходно, во Бања Лука се случи уште една пријава за експлозивна направа во познатиот хотел „Палас“, која исто така се покажа како лажна.

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

Најнови вести

To top