Бизнис

Ново поскапување на цигарите – нека му ја мислат пушачите

Лоша вест за пушачите. Од сега, цените на цигарите се зголемени за 10 денари, што значи дека лицата кои пушат по едно пакување на ден, ќе плаќаат околу 300 денари повеќе месечно.

Од сега пушачите во Македонија ќе плаќаат повеќе за цигарите, откако цената на сите брендови е зголемена за 10 денари по пакување. Поскапувањето доаѓа како дел од редовното усогласување со акцизната политика, со која државата постепено ја зголемува акцизата на тутунските производи.

Новите цени веќе важат во трафиките и маркетите низ целата држава. Така, ако до вчера најпопуларните брендови се продаваа по цена од 120 денари, сега ќе чинат 130 денари, додека поскапите брендови достигнаа и до 170 денари за едно пакување.

Според Министерството за финансии, акцизниот календар предвидува годишно усогласување до 2027 година, со цел постепено зголемување на приходите во буџетот, но и намалување на бројот на пушачи.

Трговците велат дека по секое поскапување се забележува краткорочен пад во продажбата, но навиките брзо се враќаат. Од друга страна, дел од пушачите коментираат дека со оваа нова цена ќе размислат дали да го намалат или целосно да го остават пушењето.

Најнови вести од: Бизнис

Ќе мрдне ли од мртва точка изградбата на историските хидроцентрали „Чебрен и Галиште“?!

Во наредните еден-два месеца ќе се знае како ќе се реализира проектот за „Чебрен“ и „Галиште“ – дали ќе биде целосно државна инвестиција или ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство. Министерката за енергетика Сања Божиновска се согласува со тоа дека најдобро е да биде домашна инвестиција, но вели се работи за голема инвестиција и треба реално да се видат финансиските можности во Буџетот.

Данокот на дохот мора да се плати, од 1.100 граѓани само 200 доставиле докази дека се е платено

Се остава време граѓаните кои работеле во странство и кои треба да платат данок на доход да можат да обезбедат докази дека за нив е платен данокот од компаниите во кои што работеле. Ова го изјави директорката на Управата за јавни приходи Елена Петревска, која рече дека ваквиот договор е постигнат во петокот на средбата со нив.

Ивановски: 2026 ќе биде година на дисциплина, не на импулсивни одлуки на берза

Неговата проценка е дека наредната година ќе биде тест за зрелоста на инвеститорите: дали ќе реагираат импулсивно на глобалните шокови или ќе градат портфолија врз основа на знаење, анализа и долгорочна визија.

Пари: Пресврт со позитивен финансиски исход, од Стопанска до АЛТА банка:

Од Банката нагласуваат дека резултатот е постигнат во услови на прудентна кредитна политика, со јасен фокус на подобрување на квалитетот на кредитното портфолио, зголемена наплата и активно расчистување на нефункционалните пласмани

СЗО: Засладените пијалоци и алкохолот се премногу евтини – време е за повисоки даноци

Оваа препорака на СЗО доаѓа во време кога многу европски земји (вклучително и некои од Западен Балкан) размислуваат за нови или повисоки даноци на шеќер и алкохол како дел од националните стратегии за намалување на хроничните болести и финансирање на здравството.

To top